Шведските средношколци ќе учат

Шведските средношколци ќе учат "ДОТА" во училиште

Подготвил: Драгана Петрушевска

Електронскиот спорт станува дел од образованието во Шведска. Имено, три средни училишта во земјата ги внесоа игрите во наставниот план. Учениците ќе учат за развојот на игрите, нивното појавување, а најталентираните ќе учествуваат на турнири за играње видео игри.


Популарноста на игрите (Dota, Counter Strike: Global Offensive, Battlefield, Call of Duty, World of Tanks, League of Legends) се зголемува во последните години. Играат аматери, но и професионалци. Доказ за популарноста претставува неодамно завршениот турнир - „The International 2015“ во кој се играше „Дота 2“. Победниците добија повеќе од 6,5 милиони долари.

Шведска е првата земја која ќе го вклопи електронскиот спорт во основното образование. Од оваа есен, три средни училишта во Шведска ќе започнат со нов наставен план во кој ќе имаат предмет за историјата на видео игрите и слично.


- Образовниот систем мора да се подобри, потребно е подобро образование за децата кога се работи за современите општествени трендови и ова е добра можност за тоа. - изјави Ибрахим Калифа, чело на Одборот за образование и вработување во општината Сигтун во Стокхолм.

Предметот за видео игрите во училиштата ќе биде задолжителен и ќе се одржува во посебни училници во кои учениците ќе играат и учат.