Езеро од бајките - прекрасното Бајкалско Езеро
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Бајкалското Езеро кое се наоѓа во јужен Сибир, останува покриено со мраз скоро пет месеци во годината. Секоја зима, кога температурата паѓа под нулата, површината на најголемото слатководно езеро во светот, се замрзнува.
Но мразот започнува да се формира дури во средината на зимата, долго време после почетокот на тешките сибирски мразови. Кога другите реки и езера се замрзнуваат, Бајкалското езеро се`уште „дава отпор“ на формирањето на мраз. Неговите студени бранови го допираат брегот и со тоа успешно ги украсуваат карпите со ледени дезени. Но, кога започнува замрзнувањето, обично на почетокот на јануари, езерото останува замрзнато во следните пет месеци. Мразот во просек е дебел околу еден метар, со што автомобилите и камионите можат да поминуваат преку него. Најдебелите делови може да достигнат дебелина од два метри.
Мразот малку попушта во текот на денот, а повторно се лади во текот на ноќта. Големата промена на температурите предизвикува мразот да попушти. Овие пукнатини вообичаено не се пошироки од 0.1 метар, меѓутоа некогаш можат да бидат 4 метри широки и да се протегаат на стотици метри.
Друга особеност за мразот на Бајкалското Езеро се таканаречените „hummocks“ - купишта шилци мраз кои се турнати на површината. Тие се формираат за време на замрзнувањето кога недоволно силниот мраз е скршен од ветерот и е исфрлен на брегот. Тие обично се формираат преку пукнатините или по должината на брегот, а можат да бидат високи од 10 до 12 метри и најчесто светат на сончева светлина како огромни парчиња смарагд.
Бајкалското Езеро е едно од најинтересните езера во светот. Тоа е најдлабокото и најголемото слатководно езеро по обем, кое содржи околу 20% од светската одмрзната површинска свежа вода. Се смета за едно од најчистите езера во светот и едно од најстарите езера чијашто возраст се проценува дека е 25 милиони години. Исто така, тоа е седмо езеро по големина во светот, според површината. Езерото е дом на илјадници видови на растенија и животни, а голем дел од нив не постојат на друго место во светот.
ГАЛЕРИЈА