Се сруши најубавиот глечер во Аргентина
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Се сруши патагонискиот глечер Перито Морено, кој за многу луѓе е еден од најубавите во светот и се смета за една од најголемите аргентински атракции кој привлекува илјадници туристи.
Именуван според истражувачот Франциско Морено, глечерот е широк околу 5 километри, неговата висина изнесува 80 метри надморска височина, додека длабочината е околу 170 метри.
Глечерот заедно со своето опкружување стана Перито Морено национален парк во 1973 година, а е опкружен со езера, водопади, како и делови од патагониските степи. Поради својот облик, природната убавина и чувството кое го дава за време на посетата на овој феномен, глечерот се смета за едно од најубавите места на планетата. Токму поради тоа претставува неизбежна глобална туристичка дестинација.
Линк до галеријата.