Островот што не постоел до 1963 и никој не смее да го посети
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Досега, повеќето од нас знаат дека постојат места што никогаш не можат да си дозволат да ги посетат, најчесто поради финансиски причини.
Меѓутоа, овој остров во Исланд, наречен Суртсеј, бил формиран во 1963 година по огромна вулканска ерупција која траела 3 години. Сега островот се користи за научни истражувања и набљудувања. Фокусот на работа е подобро да се разбере како еден екосистем се формира од нула, без човечко влијание. Само на неколку научници им е дозволено да го посетат островот, што го прави едно од неколкуте забранети места на Земјата.
Фото: The Surtsey Research Society
Една од главните приказни за островот се врти околу домат. Бидејќи територијата внимателно се следи, на островот има само една мала куќа каде што живеат
научниците. Пред да влезе на островот, секоја личност е пребарувана во случај да не донесе семе на островот. По ерупцијата на вулканот изникнало дрво домат, зачудувајќи ги научниците. Откако го сфатиле потеклото на растението, тоа веднаш било уништено, бидејќи ги нарушило нивните научни истражувања.