Почетна
Студенти
Поимник за студенти
Корисни информации
Корисни информации
Статус на студент
Статусот на студент, а со тоа и член на академската заедница се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии на универзитет, односно на самостојна високообразовна установа. Статусот на студент се докажува со студентска легитимација.
Права и обврски на студентот
Студентот има право на:
- квалитетни студии и образовен процес како што е предвидено со студиските програми,
- слободно искажување на мислење и ставови во текот на наставата и другите активности на високообразовната установа,
- право на изјаснување за квалитетот (оценување) на наставата и наставниците,
- редовно студирање и статус на редовен студент и право на вонредно студирање и статус на вонреден студент,
- редовно да напредува, да се образува и да го заврши студирањето под услови кои важеле при уписот,
- запишување и образование под еднакви услови утврдени со закон, статут и студиска програма,
- учество во управувањето со високообразовната установа согласно со овој закон и статутот на високообразовната установа,
- заштита на своите права и должности пред органите на високообразовната установа и
- заштита на личноста на студентот од злоупотреба и на неговото достоинство.
Студентот има право и да:
- може да напредува и да ги заврши студиите за пократко време отколку што е предвидено со студиската програма,
- студира истовремено на повеќе студиски програми од различни специјалности и да изучува дополнителни курсеви,
- ги продолжи студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која е запишан престане со работа,
- ги користи библиотеката и базите на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на универзитетот и неговите единици, односно на самостојната високообразовна установа,
- учествува во научно-истражувачката и стручната дејност при што му се гарантираат авторски, пронаоѓачки и слични права и награди,
- избира и да биде избиран како претставник на студентите во органите на високообразовните установи,
- користи услуги на студентскиот стандард (сместување, исхрана, здравствена заштита и друго), градски и меѓуградски превоз според условите утврдени со закон од вршителите на соодветните дејности,
- ги користи универзитетските објекти за спортска и културна дејност,
- преминува од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студии и при тоа да ги користи погодностите на кредит системот,
- учествува на работата на студентските организации,
- учествува во формите на организирање на студентските организации утврдени со статутот на универзитетот,
- ги продолжи студиите што ги прекинал под услови определени со статутот на високообразовната установа,
- користи распуст не помалку од 60 дена во рамките на една календарска година,
- добива државни или други стипендии или да користи финансиски кредит за издршка за време на школувањето,
- остварува соработка со студентите во земјата и во странство и
- остварува и други права согласно со закон и со статутот на високообразовната установа.
Студентот има обврска да:
- ги исполнува задачите пропишани во студиските програми,
- ги почитува одредбите од овој закон, статутот на високообразовната установа и другите правни акти на внатрешното уредување,
- ги применува решенијата на органот на управување, ректорот, односно директорот на самостојната високообразовна установа и
- да дејствува во согласност со студентскиот етички кодекс кој го подготвува и одобрува високообразовната установа во согласност со студентското претставување.
Студентите на сите степени на високо образование кои се без родители, слепи, глуви, инвалиди од прва и втора група, мајки со деца до шест годишна возраст и хоспитализираните имаат право на посебни погодности утврдени со статутот на високообразовната установа.
Правата од ставовите 1 и 2 и обврските од ставот 3 на овој член, студентот на високообразовната установа ги остварува во обем и според условите утврдени со закон и статутот на високообразовната установа.
Заради заштита на правата на студентите на секој универзитет се формира студентски правобранител. Надлежноста, изборот и работата на студентскиот правобранител се утврдува со статутот на универзитетот
Паралелно студирање
Студент може да студира на повеќе студиски програми (паралелно студирање), по интердисциплинарни или индивидуални студиски програми на една или повеќе високообразовни установи. Начинот и условите за студирање од ставот 1 на овој член, поблиску се уредуваат со статутот на високообразовната установа.
Премин од едни на други студии
Во текот на студиите, студентот може да премине од една на друга студиска програма или од една на друга високообразовна установа, под услови утврдени со студиската програма, односно статутот на високообразовната установа на која студентот преминува. Студентот кој бил запишан на високооброзовна установа која престанала со работа има право да ги продолжи студиите на иста или сродна високообразовна установа под условите утврдени со овој закон и статутот на високообразовната установа на која ги продолжува студиите.
Правила на студирање
Со статутот на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа, а поблиску со правилата на единица на универзитетот, односно со статутот на самостојната високообразовна установа поблиску се регулираат постапките и правилата особено за:
- студентскиот календар,
- уписните постапки,
- испитниот режим,
- напредувањето, инклузивно со условите за побрзо напредување,
- завршување на образованието,
- преминувањата помеѓу студиските програми,
- повторувањето на годината, односно условното напредување,
- продолжувањето на студиите по прекинувањето,
- паралелно, интердисциплинарно и индивидуално студирање и
- признавање на испитите и другите студиски обврски положени на различни високообразовни установи.
Со статутот на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа покрај работите од ставот 1 на овој член, се уредува и:
-видот на документите кои му се издаваат на студентот врз основ на евиденцијата определена со овој закон,
- постапката за заштитата на правата на студентите,
- органите надлежни за водење на постапките и одлучувањето,
- дисциплинската одговорност и права и должностите на студентите во дисциплинската постапка и
- други правила поврзани со правата и должностите на студентите.
Правила на студирање
Со статутот на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа, а поблиску со правилата на единица на универзитетот, односно со статутот на самостојната високообразовна установа поблиску се регулираат постапките и правилата особено за:
- студентскиот календар,
- уписните постапки,
- испитниот режим,
- напредувањето, инклузивно со условите за побрзо напредување,
- завршување на образованието,
- преминувањата помеѓу студиските програми,
- повторувањето на годината, односно условното напредување,
- продолжувањето на студиите по прекинувањето,
- паралелно, интердисциплинарно и индивидуално студирање и
- признавање на испитите и другите студиски обврски положени на различни високообразовни установи.
Со статутот на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа покрај работите од ставот 1 на овој член, се уредува и:
-видот на документите кои му се издаваат на студентот врз основ на евиденцијата определена со овој закон,
- постапката за заштитата на правата на студентите,
- органите надлежни за водење на постапките и одлучувањето,
- дисциплинската одговорност и права и должностите на студентите во дисциплинската постапка и
- други правила поврзани со правата и должностите на студентите.
Престанок на статусот на студент
На студентот му престанува статусот на студент во високообразовната установа според условите и постапката утврдени со статутот на високообразовната установа. Статусот од ставот 1 на овој член престанува, ако студентот:
- дипломира,
- не ги заврши студиите во рокот утврден со закон и статутот,
- не го исполни условот за успис во повисока година во роковите утврдени со статутот и правилата,
- се испише и
- е исклучен.
Статусот од ставот 1 на овој член може да биде обновен според постапката утврдена со статутот на високообразовната установа, освен ако статусот не престанал со трајно исклучување. Трошоците за обновување на статусот ги поднесува студентот.
Дисциплински мерки
За повреда на должностите и за неисполнување на обврските, на студент на додипломски студии може да му се изрече дисциплинска мерка опомена, јавна опомена и исклучување.
Дисциплинската мерка исклучување се применува за учебната година во која е изречена.
Дисциплинските мерки ги изрекува комисијата за дицициплински мерки на соодветната високообразовна установа.
Во составот на дисциплинската комисија еден член делегираат студентите на високообразовната установа на која е запишан студентот.
Со статутот на универзитетот односно статутот на самостојната висока стручна школа се определува составот на дисциплинската комисија, начинот и постапката за утврдување на дисциплинската одговорност, мерките и условите под кои дисциплинската мерка се изрекува и правото на заштита на студентот.
Постапката за дисциплинската одговорност се спроведува врз начелото на праведност и сослушување од страна на комисијата за дисициплински мерки.
Учеството на студентите во управувањето
Студентите учествуваат во управувањето со високообразовните установи преку претставниците кои ги избираат во студенскиот парламент на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа, студентскиот интеруниверзитски парламент, во органите на високообразовните установи, преку формите на самоорганизирање или на друг начин според условите утврдени со закон и статутот на високообразовната установа.
Студенскиот парламент на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа и студенскиот интеруниверзитски парламент им овозможуваат на студентите остварување на заедничките интереси како партнери во процесот на високото образование.
Учеството на студентите во органите на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа, во студентскиот парламент, прашањата за кои рамноправно одлучуваат, бројот, начинот на избор и другите прашања од значење за остварување на нивните права се уредуваат со статутот на универзитетот и правилата на единиците на универзитетот, односно со статутот на самостојната високообразовна установа.
Учеството на студентите во интеруниверзитетскиот парламент, прашањата за кои рамноправно одлучуваат, бројот, начинот на избор и другите прашања од значење за остварување на нивните права, поблиску се уредуваат со статутот на интеруниверзитетскиот парламент.
Корисни информации
Студентски лексикон