ПочетнаSkip Navigation LinksСтуденти Студентски домови „Пелагонија“ - Скопје

„Пелагонија“ - Скопје

Студентски дом Пелагонија Скопје

Студентскиот Дом Пелагонија располага со вкупен капацитет од 230 соби распоредени во два блока:машки и женски блок

Капацитетот на женскиот блок е 80 четирикреветни соби или 320 легла.

Машкиот блок располага со 150 четирикреветни соби или 600 легла.

Секоја соба располага со сопствено купатило.

Домот располага со вкупно 17 апсолвентски соби од кои 10 се новоизградени.

Секоја соба има Интернет конекција со можност за користње на бесплатен Интернет –услуги согласно одлука на Владата за бесплатен интернет во студентските домови.

 Ресторанот во рамките Домот располага со капацитет од  250 места и можност за подготовка на  3000 оброци дневно. Се служат три оброци дневно доручек, ручек, вечера. Плаќањето на оброците е исклучиво во бонови подигнати од благајната на Домот. За  правилна и здрава исхрана на студентите се грижи искусен тим на готвачи. Во тек е имплементација на HACCAP-стандарди за контрола и безбедност на храна

restoran pelagonija.

Домот е обезбеден и со неодамна реновирана читална која им овозможува на студентите навремено подготвување на испитите. Капацитетот на читалната е 100 студенти за чиј ред и дисциплина се грижат дежурни студенти.

citalna_pelagonija 

Во целосно реновиран простор на 400m2 во просториите на Домот функционира   бодибилдинг-фитнес клубот “Гладијатор” . Со посебни попусти и поволности студентите имаат можност да вежбаат на преку 50 различни справи за фитнес, аеробик, бодибилдинг, со постојан стручен надзор.

Клубот е вистинско место за обликување на телото, ослободување од вишокот телесна тежина овозможувајќи им на студентите здрав живот  во смисла на изреката “во здраво тело здрав дух”. Клубот истовремено е отворен и за надворешни лица.

fitnes centar pelagonija 

Локација на Студентскиот дом

Address

Божидар Аџија 12, Скопје
Tel 
Fax  
((02)2771043      
+389


Социјална мрежа 

Twitter

twitter thumb updates on Twitter

Facebook

facebook thumb updates on Facebook