Студентите кои ќе се запишат на насоката Меѓународна економија при Економскиот факултет во Штип ќе се стекнат со стручни знаења, вештини и умеења во областа на микроекономијата и макроекономијата. Образовниот процес ќе се одвива врз основа на развиените научно-образовни програми изработени според најсовремени светски и европски стандарди.
Компатибилноста и системскиот развој на програмите е од поопшти кон поспецијализирани наставни предмети. Студентите ќе ги изучуваат основните економски принципи: прво, да ја усвојат концепцијата за алтернативните расходи, второ, да научат да ги рангираат приоритетите во економијата, трето, да ја разбираат идентичноста во макроекономијата, односно националниот доход, побaрувачката, инвестициите, државните расходи и нето-извозот. Се изучува меѓународната трговија, монетарниот – кредитен систем и политика, банкарските системи и кредитните односи, финансиски пазари и меѓународни институци, економскиот развој и многу други научни дисциплини.
Академската програма има за цел да ги подготви студентите за повисоко научно образование, да ги поттикне ефикасно да ги решаваат проблемите и ефективно да размислуваат, а истовремено да ги внесе во деловниот свет оспособени да извршуваат сложени економски анализи. На сите студенти ќе им овозможиме образование со висок квалитет и вредности за да бидеме сигурни дека ќе бидат добро подготвени и успешни во нивните професионални ангажмани и понатамошно наградување на својата личност.