Многу активности на човекот имаат директно или индиректно влијание на околината во која живееме. Најочигледни примери се градби и инфраструктури, минерали и производство на енергија. Позакриено влијание може да има користењето на подземните води и загадувањето, или промени во користењето на земјиштето. За планирање и имплементација на човековите амбициозни проекти, детално познавање на подповршината е апсолутно неопходно.
Сепак, често самата природа ги загрозува нашите живеалишта и нашите животи преку хазарди и ризици кои во најголем дел се произлезени од геолошки процеси.Задача на науките за Земјата е да ги прибира основните информации потребни за проучување на многубројните проблеми со кои се соочуваме додека се натпреваруваме со природата за простор и извори.
Долготрајни решенија ќе се базираат на длабоко разбирање на динамиката на Земјата - темелот на општеството:
Богатата Земја: нé обезбедува со извори за одржлив економски развој
Ранливата Земја: нé обезбедува со здрава и безбедна околина
Неистражената Земја: нé обезбедува со изобилство на можности за иднината.
Студиска програма: Геологија
Со завршувањето на четиригодишните студии, студентите се стекнуваат со звањето:
- дипломиран инженер геолог по петрологија, минералогија и геохемија
- дипломиран инженер геолог по геологија и геофизка
- дипломиран инженер геолог по наоѓалишта на минерални суровини
- дипломиран инженер геолог по инженерска геологија и хидрогеологија
Со завршувањето на тригодишното студирање, студентите се стекнуваат со звањето:
- инженер геолог