Во текот на студирањеto на одделот вајањe, студентите се запознаваат со со цртачките и вајарските техники. Во прва година се изучува како класичен цртеж и вајање со глина и лиење во гипс. Во втора година, вајање на акт и фигура со лиење во гипс, а паралелно со тоа правење на скици во глина или директно во материјал и изведба во дрво првиот семестар, а во метал во вториот семестар. Во трета година во првиот семестар се работи по модел голем акт и во мермер и метал се изведуваат скулптури, претходно анализирани и одобрени од професорот. Во четврта година нема модели, освен по избор на некој студент а се разработуваат проблеми на скулптурата во простор и обликување и осмислување на просторот. Реализацијата е во согласност со можностите и условите на факултетот во смисла на употреба на материјали (дрво, мермер, метал, полиестер, алуминиум, инокс). Наставата ја изведуваат трojцa професори и еден асистент.