Медицински факултет

Да се примаат студенти од различни култури, кои поседуваат индивидуални квалитети и академски вештини што ќе им овозможат успешна кариера на полето на медицината и здравството воопшто.
Да се востановат врски со други факултети, универзитети и институции во земјата и надвор од неа со цел да се подобрат квалитетот и перформансите на факултетот.

Историјат

Уште во 1944 година, во Манастирот Св. Прохор Пчински, Президиумот на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, носи решение со кое “Здравствената заштита ја прогласува за државна служба, болниците и амбулантите за државни установи, а здравствените работници за државни чиновници. Лекувањето е бесплатно. Приватните лекари се мобилизираат во државна служба, а надвор од работното време имаат право на приватна практика со утврдена цена”.