Општа медицина

ДОДИПЛОМСКА НАСТАВА

Подрачје во кое се образуваат студентите во додипломската настава на Медицинскиот факултет е биомедицина, медицина (базични, клинички и јавноздравствени науки) и здравствена нега.

Траењето на додипломските студии по медицина е 12 семестри (6 години), а на стручните студии 6 семестри (3 години).

 

Образованието на студиите по медицина опфаќа пет групи на предмети. Тоа се општообразовни предмети, предмети од природните науки, базични медицински науки, клинички предмети и јавноздравствени предмети (по опширно прочитајте во прирачникот “Студентски информатор” .)

 

Со завршување на додипломските студии по медицина се стекнува стручен назив: доктор по медицина - medical doctor, MD. По завршување на додипломските студии по медицина задолжителен е приправнички стаж во траење од 6 месеци, после што се полага испит за добивање на основна лиценца (види повеќе за ова на страницата на Лекарската Комора на Македонија)