Научна дејност
- Проучување на агроекономските аспекти од областа на економиката на примарното земјоделско
производство, преработки на земјоделскипроизводи и нивниот промет; - Проучување на продуктивноста, економичноста и профитабилноста на земјоделското
производство во различни услови на стопанисување; - Проучување на можностите за развој на одделното производство во
Република Македонија и нивната компатибилност со други земји; - Проучување на менаџментот и маркетингот во земјоделството;
- Аграрната политика и руралниот развој.
Меѓународна соработка
Катедрата соработува со повеќе универзитети и катедри. Од нив поблиска соработка остварува со:
- Земјоделскиот Универзитет од Упсала, во рамките на проект финансиран од шведската агенција за развој (СИДА);
- Преку Темпус проекти со Универзитетите Хохенхајм, Гринич, Ваенстефан, Сараево, Тирана, Нови Сад, Љубљана, Софија;
- Kатедрите и институтите за агроекономија во регионот: Белград, Загреб, Нови Сад, Чачак, Софија.