ПочетнаSkip Navigation LinksСтудии Приватни универзитети ЈЕИ универзитет Факултет за jавна aдминистрација и политички науки

Факултет за jавна aдминистрација и политички науки

Факултетот нуди основно знаење од сите аспекти на управување и јавни политики, помагајќи да се подготват идните лидери на јавниот сектор, непрофитниот сектор и лидерите на приватниот сектор за промена на иднината на јавната администрација.

 

Дипломираните студенти на овој факултет се квалификуваат да работат во стручните служби на собранието, владата, министерствата, агенциите, фондовите, заводите, инспекторатите, канцелариите, единиците на локалната самоуправа (општинската администрација и локалните јавни претпријатија), како и во управувањето со јавните институции, социјални, образовни, здравствени, културни и политички институции, невладини организации и во приватни компании.

 

ПРВ ЦИКЛУС (Тригодишни и четиригодишни програми)
  • Јавен менаџмент и администрација
    • Јавен менаџмент и јавни политики
    • Менаџмент на невладини организации
  • Политички науки и меѓународни односи
    • Политички науки
    • Меѓународни односи
  • Социјална работа и социјална политика

 

ВТОР ЦИКЛУС (120 ЕКТС)
  • Јавна администрација
  • Политички науки
  • E-Управување
  • Меѓународни односи и дипломатија
  • Управување и менаџмент во јавниот сектор
  • Социјална работа и социјална политика

 

ТРЕТ ЦИКЛУС
  • Политички науки
  • Јавна управа и администрација