Студиската програма (Bachelor of Arts) на Факултетот за Јавна Администрација и Политички
Науки, смер – Социјална Работа и Социјална Политика -, им нуди на студентите знаења и вештини
за планирање на потребите на цивилното општество, социјалната помош како и за имплементирање на
политиките во областа на социјалната работа и социјалната политика. Оваа образовна програма е
фокусирана на основните прашања за социјалната работа и социјалната политика во 21-от век во
Македонија, во Европа и во САД. Посебно внимание се посветува на организацијата и на модерното
функционирање на социјалната работа и социјалната политика како и на начинот на кој таа ги
задоволува потребите на различни државни институции, јавни институции, на општеството и на
јавноста.
Студентите кои ќе дипломират на оваа образовна насока ќе имаат можност да се вработат во
центрите за социјална работа и социјална политика, во државната и јавната администрација, во
болниците, во центрите за рехабилитација, во не-владините организации, образовни институции
осигурителни компании итн.