Насоката Здравствен менаџмент треба да едуцира кадри кои се потребни во медицинските центри, болниците, специјалните здравствени институции, министерствата за здравство, финансии, во фондовите за здравствено осигурување, агенциите за лекови, заводите за статистика, државните и градските заводи за здравствена заштита и за невладини асоцијации кои работат во областа на здравството.
Од ваков кадар се чувствува недостиг во нашата држава, но тој е дефицитарен и во соседните земји, така што се очекува дека оваа студиска програма ќе привлече и студенти од странство.
Наставната програма на оваа студиска насока е компатибилна со програмите на реномирани економски факултети од земјите на Европската унија и во САД, на кои се изучува оваа проблематика. Студентите кои со успех ќе ги завршат студиските програми за 3 години ќе се стекнат со диплома - економист, а студентите кои ќе ги зaвршат со успех студиските програми за 3+1 години ќе се стекнат со диплома - дипломиран економист, додека со 3+1+1 години се стекнуваат со диплома - магистер.