Рудараство

 Рударството е стопанска гранка која има задача да ја добие минералната суровина од нивните наоѓалишта во пристапниот дел на земјината кора, со примена на соодветни принципи и рударска техника. Пред да се почне со добивање на минерална суровина, потребно е да се пронајде наоѓалиште, да се истражи, а потоа доаѓа до отворање на минералното наоѓалиште и негова подготовка за подземно или површинско добивање. На крајот добиената минерална суровина бара помала или посложена подготовка за издвојување на корисната суровина.  

 

Студиска програма: Рудараство


Со завршувањето на четиригодишните студии, студентите се стекнуваат со звањето:

- дипломиран рударски инженер по површинска експлоатација
- дипломиран рударски инженер по подземна експлоатација
- дипломиран рударски инженер по минерална технологија

Со завршувањето на тригодишното студирање, студентите се стекнуваат со звањето:

- рударски инженер