Студиската програма за основните академски студии е ОДДЕЛЕНСКА НАСОКА.
Студиската програма за основните академски студии е структурирана како високоинтердисциплинарна и мултидисциплинарна студиска програма. Програмата ја сочинуваат темелни педагошки предмети, природно-математички предмети, стручно-уметнички предмети, македонски јазик и книжевност. Реализацијата на програмата поаѓа од темелните педагошки дисциплини: педагогија, психологија, социологија, философија; природно-математичките дисциплини: основи на природните науки, детето и природата, еколошко воспитание, географија; стручно-уметничките дисциплини: естетика, музички инструмент, кукларство и сценографија, детското ликовно, литературно и музичко творештво; македонскиот јазик и книжевност: лингвостилистика, култура на јазичното изразување и сл. Како и раното учење на странски јазик: англоамериканска култура и цивилизација, англиската граматика, фонологија, детската странска литература и сл., како и методиките од одделените наставни предмети и соодветната педагошка практика од истите.
Во подрачјето на теоретската настава акцентот од предавање го префрлуваме на учење.
Во подрачјето на практиката ја зајакнуваме нашата наставно-научна и практична дејност, преку воспоставување на ефективен модел на соработка со основните училишта и Министерството за образование и наука.
Во подрачјето на науката – научни достигнувања препознатливи и позитивно вреднувани во глобалниот научен простор.
Во подрачјето на организациската култура и клима – интензивирање на тимското работење и развивање на чувството за споделен успех и одговорност.