Правосудна насока-Штип

Назив на студиската програма на ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ-КОЧАНИ
Правосудна насока
Единица
ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ-КОЧАНИ
Високообразовна установа
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – Штип
Наставно-научно поле
Правни Науки
Научна област
Право
Вид на студии
I циклус на студии
Обем на студии, изразен во ЕКТС кредити
300 ЕКТС
Назив на диплома
Дипломиран Правник-правосудна насока
Должина на студии
5 год

 

Студиската програма на Правниот Факултет-Кочани при Универзитетот „Гоце Делчев” - Штип е структурирана како високо интередисциплинарна и мултидисциплинарна студиска програма. Програмата на основните академски студии во I циклус ја сочинуваат општо - образовни, истражувачки и стручни предмети и потесни области по избор, кои формираат наставна целина каде се наведени областите по хронологија и поврзани во мултидисциплинарни и интередисциплинарни студиски програми. Реализацијата на програмата започнува од фундаментални дисциплини како што се: вовед во право,основи на економија политички систем,реторика на право,историја и социологија на право и други. Програмата продолжува со изучување на голем број на стручни предмети кои покриваат области од граѓанското право,казненото право,компјутерската техника, странските јазици а со посебно внимание се развиваат стручните области од областа на применетата економија,финансискиот менаѓмент,домашното и меѓународното трговско право и други изборни предмети.

Оваа програма настана како резултат на потребата на регионот од правници кои успешно ќе се вклучат во правосудството во подрачните единици од министерствата на Р.Македонија и во локалната самоуправа,училиштата,центрите за социјални работи и приватните фирми кои имаат потреба од правници .