Почетокот и завршувањето на студиската година се во согласност со одредбите од Законот за високото образование.
Студиската година започнува на 15 септември, а завршува на 14 септември следната година, во траење од 30 работни недели.
Студентот запишува семестри, односно предмети во секој семестар според
Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС). На секој предмет од студиската
програма му е доделен код, со кој се дефинирани предметната содржина и
методот на изучување на предметот. На секој предмет му се доделени од 4
до 6 кредити. Кредитите се доделуваат само на оној студент кој ги
исполнува условите за полагање, успешно ќе ја заврши предметната
програма и ќе го положи испитот. Положените испити се оценуваат со
оценки од 6 до 10.
Студентите имаат право на избор за студиска година во траење од три и
четири години. За избор на студентот за студиска програма - текстилно
инженерство во траење од три години со оптовареност од 180 кредити,
студентот добива стручен назив –
инженер технолог по текстилно инженерство. За
избор на студентот за студиска програма - текстилно инженерство во
траење од четири години со оптовареност од 240 кредити според ЕКТС,
студентот добива стручен назив – дипломиран инженер технолог по текстилно инженерство.
Потенцијални можности за вработување
Стручниот профил -
инженер технолог по текстилно инженерство
е проектиран со наставен план и програми, со цел да се стекне знаење за
примена во сите видови текстилни претпријатија, како и спремност да се
одговори на сите предизвици од брзиот технолошки напредок во областа на
текстилот, облеката и дизајнот.
Факултетот во иднина ќе настојува да помогне во вработувањето на своите
завршени студенти и во развој на нивната понатамошна кариера.