Студиската програма по Рурален развој осигуруваат стекнување на мултидисциплинарни знаења од голем број економски и земјоделски дисциплини. Студиската програма нуди подрачја кои ја опфаќаат домашната и аграрната политика на Унијата, управување и раководење со проектен циклус, запознавања со принципите за одржлив развој на земјоделството, комуникациски вештини и сите заедно придонесуваат кон стекнување знаења и вештини неопходни за вклучување во работа со еден динамичен
сектор, каков е руралниот развој.
Оваа студиската програма обезбедува стекнување на знаење и вештини кои студентот по дипломирањето ќе може со сигурност да ги примени во планирањето, проектирањето и управувањето во руралниот развој, независно од спецификите на секоја од локалните самоуправи или плански региони. Голем дел
од предметите се од областа на правото, економијата и земјоделството, заради стекнување знаења во аграрната трговија, земјоделското право и менаџментот во земјоделството, но и за начините на функционирање на централната власт и локалната самоуправа, како дел од еден севкупен систем на општествена поддршка на развојот на нашето општество. Поради наведеното, нашите идни стручни лица за рурален развој ќе бидат способни да препознаваат области за рурален развој од кои ќе може да
бидат изработувани предлог-проекти за финансирање пред домашни и надворешни програми, да учествуваат во изработката на стратегии и студии за развој на локални самоуправи, плански региони на национално ниво, да работат во рамките на тимовите за локален економски развој и други компетенции од областа на руралниот развој кои ќе ги стекнат на Факултетот.