Наставната програма за Актерска игра се базира врз универзалните принципи на К. С. Станиславски и неговите ученици и следбеници, дополнети со теоријата и праксата на Брехтовиот театар, како и на Јежи Гротовски, Питер Брук и другите режисери - педагози на ЏЏ век. Етиката на педагошката работа поаѓа од ставот дека секој студент е индивидуа со сопствени квалитети и проблеми и дека педагогот треба да пронајде начин да му помогне на студентот да го открие и развие својот талент. Органичноста на сценското дејство (говорното и физичкото) е идеалот кон кој се тежнее.
Модел на организирање на наставата според ЕКТС: Предавања, индивидуални и групни етиди и вежби, подготовка и изведба на делови од драмски текстови и драматизации и подготтовка и изведба на комплетни драмски дела.
Со исклучок на И и ИИ семестар, испитите се јавни. Почнувајќи од ИИИ семестар, студентите имаат право да настапуваат и во професионални театарски, филмски и телевизиски продукции, во согласност со нивните обврски на Факултетот за драмски уметности.