Педагошки факултет "Св. Климент Охридски"

Наставата на нашиот Факултет се одвива на македонски, на албански и на турски наставен јазик, со што Факултетот можеме да го наречеме мултиетнички факултет. Условите на Факултетот се современи,  наставниот кадар е квалификуван, додека студентите настојуваат да го реализираат наставниот план и програмите на Факултетот.

 

Факултетот има неколку опремени кабинети, амфитеатри, современи училници, библиотека со над 25000 книги и други услови кои даваат можности за современо образование и воспитание.