Одделенска настава

Вовед

Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје е основан со одлука на Универзитетската управа на Универзитетот “Св Кирил и Методиј” во Скопје од 13. 06. 1995 година со задача да подготвува стручњаци со висока и највисока стручна подготовка за воспитувачи и одделенски наставници и да врши научно истражувачка дејност. Всушност, Факултетот на повисоко наставно-образовно и научно¬истражувачко ниво означи нова етапа во развојот на овие дејности, чии почетоци датираат од времето на формирањето на Вишата педагошка школа во далечната 1947 година,односно Педагошката академија од 1961 година.

При формирањето на Факултетот се поаѓаше од основните насоки утврдени во Елаборатот на Универзитетот за едукација на воспитувачки кадри во предучилишните установи, наставници во основното образование-одделенска и предметна настава и во средното образование (прв дел едукација на воспитувачи и одделенски наставници). Факултетот започна со работа во учебната 1995-1996 година, кога е запишана првата генерација на четири¬го¬диш¬ни студии на групите за Предучилишно воспитание и Одделенска настава. Факултетот својата наставно–образовна дејност ја остварува според Наставните планови на соодветните насоки изготвени од Матичната комисија за основање на Факултетот и усвоени од Универзитетската управа на Универзитетот. Денес Педагошиот факултет претставува институција која ги следи современите достигнувања на образовната теорија и практика кај нас и во светот. Својата наставнио–образовна дејност Факултетот ја остварува на македонски, албански и на турски наставен јазик. Досегашниот деветгодишен период од основњето на Факултетот покажува дека при неговото конципирање, односно при донесувањето на Наставните планови на двете групи, се следени современите трендови во развојот на педучилишното воспитание и на одделенскта настава.

Со предложените нови Студиски програми се имаат предвид досегашните позитивни искуства и резултати, и се прави обид да се навлезе во промени кои поаѓаат од темелните вредности и определби на современите европски и универзитетски документи за промени во високото образование. Основни документи кои претставуваа појдовна одредница во изготвувањето на новите Студиски програми беа интенциите на Болоњската конвенција од 19 јуни 1999 година, Правилникот за единствените основи за кредит-системот на Универзитетот “Св Кирил и Методиј “ во Скопје, како и другите документи и акти на Универзитетот во кои се третираат современи прашања од остварувањето на дејностите на факултетите. Истовремено, во конципи¬ра¬њето на новите студиски програми се користени и искуствата и резултатите на развиени педагошки и слични факултети во странство кои, истотака едуцираат кадри за предучилишните установи и за основното образование.

Педагошкиот факултет промовира промени кои се насочени кон зголемување на ефикасноста во работењето на студентите и наставно-научните работници и соработници на факултетот, воспоставувње систем на едносеместрална настава, воведување кредит систем ( ЕКТЦ ), промоција на мобилност со надминување на внатрешните бариери во совладувањето на наставното градиво, намалување на часовите за предавање во корист на часовите за вежби и практичните активности, воведување изборни и факултетивни предмети, воведување и развивање на нови методи и видови на учење, како што се семинарите, педагошката практика, изготвување домашни работи, посета и вклучување во работата на предучилишните и училишните установи како и на други установи и организации кои се поврзани со дејноста на Факултетот, воведување систем на тековно, односно континуирано учење и проверка на знањењето и формирање завршна оценка, утврдување на условувачки кредитеи за определени предметни дисциплини и сл.

Правила за студирање- кредит систем

Правилата за студирање и воведувњето на кредит системот на Педагошкиот факултет се во согласност со Статутот на Факултетот, Правилникот за единствените правила за студирање на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како и Правилникот за единствените основи за кредит-системот и преминот од една на друга студиска програма и преминот од една на друга виосокообразовна установа во состав на Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј “ во Скопје. Во оваа фаза Педагошкиот факултет во Скопје и Педагошкиот факултет во Штип изготвија скоро идентични студиски програми. Тие незначително се разликуваат само во изборните предметни дисциплини, што овозможува непосредна практична примена на кредит-системот меѓу овие високообразовни институции кои едуцираат исти профили на кадри.
Секој наставен предмет (предметна програма) од студиската програма е кодирана со сопствен код, со што трајно се дефинираат наставните содржини за определен код, како и методите на учење и оценување.
Секоја предметна програма со определен код се изразува со точно определен број кредити, со кои се искажува целокупната оптовареност на студентот за совладување на предметната програма. Кредитите се доделуваат само за исполнети предвидени обврски на студентот. Бројот на кредитите што студентот треба да ги оствари се движи: за еден семестар 30, а за една година 60 кредити. Студентот во секој семестар запишува предметни програми кои носат од 21 до 30 кредити според студиската програма. Факултетот пропишува условувачки критериуми, односно претходно совладани предметни програми – освоени кредити како услов за запишување и собирање кредити односно оценување по наредни предметни програми што следуваат. Условите и критериумите кои ги поставува Факултетот во однос на условувачките кредити се со цел да му овозможат на студентот да биде информиран кои предметни програми треба прво да ги полага, за потоа да може да запише други предметни програми во наредните семестри, според студиската програма.
Условувачки предметни програми за полагање на Логика, Етика и Естетика е предметот Основи на филозофијата. Условувачки предметна програма за полагање на Предучилишна педагогија, Училишна педагогија, Семејна педагогија, Методика на воспитна работа, Педагогија на слободното време, Педагошка комуникација се наставните предмети Општа педагогија и Социологија на образование.
Условувачка предметна програма за полагање на Развојна психологија, Педагошка психологија, Социјална психологија е наставниот предмет Општа психологија.
Условувачки предметни програми за полагање на поединечните методики се основите на тие дисциплини, и Дидактика, а за Методика на наставата по природа и општество, односно на Воспитно-образовната работа по запознавање на природата и општествената средина се и предметните програми основи на природата и Историја. На групите со наставен албански и турски јазик, освен по предметната програма за Македонски јазик, настава на македонски јазик се изведува уште на два наставни предмети (предметни програми) од студиската програма.

Кадровска состојба

Во остварувањето на наставно-образовната дејност на Факултетот учествуваат наставно-научни работници и соработници на Факултетот, потоа наставно-научни работници и соработници од други соодветни високо¬образовни институции на Универзитетот. На Педагошкиот факултет се вработени 11 редовни професори, 4 вонредни професори, 8 доценти, 11 асистенти, 7 помлади асистенти и 3 демонстратори. Престојниот систем не само што ќе доведе до зголемен ангажман на постојниот кадар, туку и ќе го наметне прашањето за натамошно кадровско екипирање на Факултетот.

Проверка на знаењето и оценување

Во текот на студирањето студентот потребниот број кредити за соодветната предметна програма го остварува преку континуирано – тековно и завршно оценување. Со континуираното оценување студентот стекнува кредити за секоја активност пропишана со предметната и студиската програма, а тековното оценување се однесува на предметните програми, кои заради нивниот карактер се реализираат во повеќе едносеместрални заокружени целини (методиките по соодветни предметни програми). Завршното оценување за соодветна предметна програма може да биде усно или писмено, а се спроведува откако студентот ќе го оствари потребниот број бодови од континуираното и потребниот збирен број од поединечното тековно семестрално оценување. Завршната оценка се формира од вкупно освоените бодови по двете основи на оценуивање. Студентот може да освои кредити за соодветнта предметна програма со минимум оценка 6, (шест) или со повисока оценака, до максимум 10 (десет). Оценката 5 (пет) значи недоволен успех.

Испитни сесии

Испитните сесии на Факултетот се спроведуваат во согласност со Статутот на Факултетот. Термините за одржување на испитите за завршно оценување во секоја сесија се определуваат на почетокот на семестарот и се огласуваат на огласна табла. Следењето, водењето и административната поддршка на студентите во текот на студирањето се регулира со посебен интерен акт на Факултетот.

Педагошка практика

Факултетот реализира педагошка практика за студентите, којшто се одвива во основните училишта и во предучилишните установи. Реализацијата на педагошката практика ќе се регулира со посебен правилник на Факултетот.

Дипломска работа

Студентот ја пријавува дипломската работа по завршувње на обврските од седмиот семестар, а може да ја брани откако ќе оствари вкупно 234 кредити. Успешната одбрана на дипломската работа на студентот му носи 6 кредити со што дипломираниот студент добива вкупно 240 кредити. Студентот на студиите за Преучилишно воспитание добива диплома со која стекнува стручен назив: дипломиран професор по Предучилишно воспитание, (на македонски, на албански, односно на турски јазик), а студентот на студиите за Одделенска настава добива диплома дипломиран професор по Одделенска настава (на македонски, на албански односно на турски јазик). Во согласност со актите на Универзитетот на студентот кој дипломирал на Факултетот може да му се издаде Diploma saplement, според содржината и формата определена со актот за нејзинот востановување.

Координатор на кредит системот

Деканатската управа, со посебна одлука, ќе определи Факултетски кредит-координатор.