БИЗНИС МЕНАЏЕР
Бизнис менаџерот ги планира, организира и води тековните операции на компанијата или одделот и неговата главна задача е постојано да наоѓа начини нив да ги направи поефикасни и поефективни. Тој е одговорен за изборот и ангажирањето на вработените во одделот и се грижи за нивниот професионален ангажман. Ова е една од кличните позиции во секоја организација која побарува сеопфатни познавања од полињата на менаџмент, бизнис, економија, комуникации, психологија, како и широка општа наобразба.
Студиската програма по бизнис менаџмент обезбедува стручни знаења за студентите од соодветната област. Со нејзиното завршување студентите може да се стекнат со 180 ЕКТС кредити и назив на образовната квалификација Дипломиран бизнис менаџер (Bachelor of Business Management).
Студиската програма е составена од 25 (дваесет и пет) наставни предмети од кои 18 (осумнаесет) се задолжителни наставни предмети, а 7 (седум) се изборни наставни предмети. Во рамките на студиската програма, студентите посетуваат практична настава во неколку од бројните партнерски организации на БАС.