Brainster Next College

Brainster Next е место каде талентирани и амбициозни млади професионалци од различна позадина се здружуваат со цел да создадат успешни и значајни проекти, со позитивен ефект на нивната средина. Тука, опкружени со алатки од последната генерација, cutting-edge технологии, и во центри прилагодени според нивните потреби и ги развиваат своите идеи, учат и создаваат заедно. Придружи се и ти!



Што е всушност финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување“?

Преку проектот Join Generation Next - Summer Edition го овозможуваме финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување“, при што студирањето ќе можете да си го плаќате на рати, откако ќе најдете работа, по дипломирањето. Дознајте повеќе за овој уникатен финансиски модел во оваа објава.

Ако сте матурант, сакате да го промените факултетот на кој сте запишани, или пак едноставно токму сега се наоѓате непосредно пред одлуката за избор на вашите идни студии, и имате желба да работите во динамичната ИТ индустрија, за првпат во земјава имате можност да се запишете на високообразовна институција и да не потрошите ниту денар за тоа додека учите. Преку проектот Join Generation Next – Summer Edition ви е овозможен финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување“ – со кој студирањето ќе можете да си го отплаќате на рати, дури откако ќе се вработите, или по дипломирањето.

Оваа можност е достапна само на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), првиот применет ИТ колеџ во државата кој нуди акредитирани тригодишни студии по Софтверско инженерство и иновации. Тригодишните студии носат 180 ЕКТС и по дипломирањето, се стекнувате со диплома со академски назив: Дипломиран инженер по информатички технологии – софтверско инженерство и иновации.

„Студирај сега, плаќај по вработување“, на вас, идните студенти ви нуди уникатна можност да добиете прилика за врвно апликативно образование кое ќе води кон сигурно вработување и кариера од иднината и за истото да платите откако ќе се вработите или дипломирате, со што нема да имате грижа околу тоа како ќе ги платите студиите.

Сé што треба да направите е да се регистрирате и да го решите квалификациониот тест кој е поставен на generation.next.edu.mk

Тестот е наменет за матуранти кои завршуваат 4 година во јавните и приватните средни училишта во земјава како и лица кои имаат завршено средно образование и положена државна матура, a се заинтересирани за упис на 3-годишни додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next колеџот.

Нема да имате финансиско оптоварување додека студирате, ќе добиете и план за отплаќање на школарината до 36 рати (без камата) по дипломирање или вработување.

Како до финансискиот модел Студирај сега, плаќај по вработување?

Процесот на избирање на кандидатите за колеџот се одвива во два чекори:


Чекор 1: Регистрација и решавање на тестот за компетенции кој има 40 прашања и време за решавање од 45 минути и е достапен онлајн преку платформата Generation Next и


Чекор 2: Интервју пред комисија со лицата кои ќе остварат 50% од вкупиот број на поени, или дополнително тестирање и техничко интервју за оние кои ќе остварат најмалку 30% од вкупниот број на поени.

За студиската програма Софтверско инженерство и иновации при Brainster Next College предвидени се 75 места, а тестот ќе биде отворен сѐ додека не се исполни квотата за упис.


Александар Клашниновски, директор на Brainster Next College вели дека оваа можност им се нуди на сите студенти што ќе се квалификуваат да се запишат.
„Ние веруваме дека сме во можност да ги запишеме најдобрите. Сѐ што треба кандидатите да направат е да го положат квалификациониот тест кој е составен од логички прашања. Toa не се прашања кои зависат од претходно образование, туку зависат од компетенциите на кандидатите. Ние сме сигурни дека сите што ќе ги завршат овие студии ќе може потоа да се вработат кај нашите многубројни партнери од ИТ индустријата“, објаснува Клашниновски.

Моделот „Студирај сега, плаќај по вработување“ е веќе добро познат во светски рамки, но досега не е применет на ниту една високообразовна институција во Македонија или регионот. Затоа, побрзајте, пријавете се за решавање на тестот и резервирајте си место на колеџ на кој ќе учите предмети што ги покриваат знаењата и вештините од најбараните, најбрзорастечките и најпрофитабилните професии на денешницата.

Акредитираната високообразовна институција Brainster Next College – воедно и прв применет ИТ колеџ во нашата држава, направи инвестиција од 2,5 милиони евра за наредните 5 години со цел да овозможи пристапно и квалитетно високо образование во информатичките науки за идните студенти. Главниот мотив е да помогне во оттргнување на примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – а тоа се финансиите.
Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.

„Ќе имате шанса да почнете со студии оваа есен, а да плаќате откако ќе се вработите. Ова е возможно бидејќи веруваме дека нашата студиска програма успешно ќе ве подготви за вашата идна кариера. Ние веруваме дека секој млад човек заслужува квалитетно и достапно високо образование коешто успешно ќе го подготви за кариера во ИТ индустријата. Нашиот тим само во 2021 година успеа да обезбеди пракси и вработувања за 370 студентуи од Бреинстер Академиите. Сега, сето она што го научивме низ годините го насочуваме и кон студентите на Бреинстер Некст колеџот“, вели Јана Тодоровска од тимот на Co-Innovation and hiring во Бреинстер.