Јавна администрација

Студиската програма (Bachelor of Arts) на Факултетот за Јавна Администрација и Политички
Науки, општиот смер Јавна Администрација, како еден од првите факултети во оваа област во Р.
Македонија и во регионов е предводник на образованието на следната генерација државни и јавни
службеници на високо ниво, и им нуди на студентите за време на тригодишни студии да ги подобрат
нивните комуникациски и истражувачки способности во областа на менаџментот, економијата и на
квантитативните методи. Дипломците ќе бидат подготвени да придонесат во креирањето на
политиките и на управувањето со човековите ресурси во јавниот и во приватниот сектор како и во непрофитабилните организации.

 

По завршувањето на студиската програма и здобиените научни и професионални знаења
студентите се подготвени да се вработат во специјализираните институции, во различни области на
државната и јавната администрација, во невладините организации како и во приватниот сектор.
Дипломираните студенти од оваа студиска програма ќе имат можност да ги продолжат
студиите од вториот циклус (магистерски студии), за повеќе да се усовршат со знаења и вештини,
како и да имат можност да се занимават со научно – истражувачка дејност.