Наставни цели на програмата
Да ги пополни потребите на сите оние кои сакаат да ја продолжат својата кариера на полето на правото и на оние на кои примарна мотивација им е постигнување јазична способност правото да го користат во други професионални контексти.
Да нуди редица модули кои ќе ја опфаќаат основата на правните сознанија за приближување кон професиите кои се поврзани или не се поврзани со сферата на правото.
Да обезбеди цврсти сознанија и систематска разбраност за институциите и за основните процедури на законот на Р.Македонија.
Да обезбеди основни сознанија за концепциите, основните принципи на законот на Р.М и за начинот на неговото функционирање на меѓународен план.
Да понуди можност за предавања на меѓународниот академски визитинг-кадар.
Да развие свесна критика на правото во споредбен, историски, општествен- економски и во политички контекст и да им претстави на студентите редица различни теоретски доближувања поврзани со правните студии.
Да им овозможи на студентите да живеат и да студираат надвор од земјава во рамки на програмите за размена на студенти.
Да им понуди редица опции кои ќе им овозможуваат на студентите да студираат специфични полиња на правото.
Да им обезбеди настава што е поврзана со истражување и што бара од студентите да се ангажираат со работа во рамки на границите на знаењата.
Да им овозможи на студентите да менаџираат со нивните предавања и да се занимаваат со независно истражување, земајќи ги оние полиња на правото кои студентите порано не ги студирале.
Да развиваат општи способни критики, аналитички, функционални, споредбени и способности за решавање на проблемите кои можат да се применуваат во различни законски и незаконски рамки.
Да нуди можност за развој на лични способности, комуникација, истражувања и други значајни способности потребни за вработување на дипломирани правници во правни и други институции.
Да се потенцира повеќе јазичната настава и да се промовира меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.
Повеќе информации на следниов
линк