X
 01.01.2019 Живот

Месечен хороскоп за јануари 2019 година

Овен

Вие сте личноста со најдобрите јавни односи со луѓето што ве опкружуваат. Годината почнува со изобилство енергија што ја поддржува вашата кариера и јавната слика за вас. Добро смислените планови можат да придонесат за промоции или бонуси. Авторитетните фигури обрнуваат внимание на вашите акции. Новите проекти за подобрување на кариерата или јавната слика ќе дадат резултати по 10 јануари. Ќе имате дополнителна енергија за креативната интелектуална работа. Споделете го вашиот поглед кон светот. По 19 јануари, на соништата и целите во животот ќе им биде потребно преиспитување. Романтичните или креативните проблеми ќе излезат на 25 јануари.

Бик


Сега е вашиот момент од годината за проширување на хоризонтите - лично, духовно и ментално. Ќе фаворизирате долгорочни патувања. Не одете премногу далеку и премногу брзо. Ново хоби ќе го стимулира вашиот интелект. Романсата може да започне со личност што припаѓа на странска култура. Личните трансформации се случуваат низ интензивна врска или личен конфликт за одредени вредности. Држете го егото под контрола. По 19 јануари вашата кариера, јавната слика и вашето место во општеството ќе го бараат вашето внимание. Би можеле да бидете ставени под рефлектор.

Близнаци


Желбата за страст излегува овој месец, а длабоките разговори се силни. Хороскопот ви предвидува дека јануари ќе биде идеално време да започнете проекти за зголемување на вашата духовна свест. Бидете внимателни во врските бидејќи проблемите можат да се зголемат, а тоа ќе предизвика расправии и кажување зборови за кои подоцна може да зажалите. Прво погледнете ги фактите. По 19 јануари 2019 година направете некоја од вашите омилени активности - на пример, запишете се на курс за да го предизвикате вашиот интелект и да ја проширите вашата лична визија.

Рак


Планетарната енергија бара од вас да се соочите и да ги решите проблемите во односите со партнерот. Нова љубов може да влезе во вашиот живот. Некои од вас може да се одлучат да направат голем чекор. Периодот по 10 јануари ви е идеален за брак. На работа, работите може да се влошат. Може да се соочите со несогласувања и расправии. Дополнителната енергија што ја имате искористете ја за воведување нов режим за исхрана и вежбање, со кои ќе се чувствувате подобро. Вежбањето помага во ослободувањето на стресот. По 19 јануари повеќе ќе бидете во допир со внатрешното јас и ќе имате значителна психолошка трансформација.

Лав


Искористете ги вашите вродени креативни таленти за нови методи и подобрување на вашето здравје и зголемување на продуктивноста на работа. Ќе има многу работа со документи и комуникации. Соработниците генерално ќе бидат пријатни и поддржувачки настроени. Внимавајте бидејќи имате тенденција да се прејадете и препиете во текот на празниците. 10 јануари 2019 година ќе биде одличен период за започнување диета и рутина за вежбање. Овој месец ќе имате огромна желба да им покажете на другите кои сте вие. Можно е појавување на страсна романса.

Девица

Иако сите донесуваат новогодишни одлуки, вие зависниците од работа сте подготвени за романса, креативност и задоволство. Не треба да го игнорирате детето во себе. Креативните проекти започнуваат по 10 јануари, а тие ќе ви помогнат да се докажете себеси. Спиењето може да ви биде нарушено овој месец. Ова е одличен месец за јано пролетно чистење, почнување изградба на нов дом или реновирање на постојниот. По 19 јануари фокусирајте се на работата и вашето здравје - дали некаде е потребна промена? По 30 јануари ќе се зголемат комуникациите на работа и грижата за здравјето.

Вага

Празниците се при крај, но има уште активности за вас. Разговорите се плодни и ги има многу, а дел од нив се со носталгичен тон. Може да одлучите да декорирате и да го подобрите изгледот на вашиот дом. Дигестивниот систем ви е чувствителен - не преоптоварувајте го. Проектите започнуваат по 10 јануари во вашиот дом или вашето семејство и тие ќе бидат плодни. Темпото на вашата секојдневна средина почнува да се синхронизира со вас. Романсата, креативноста и задоволството почнуваат со полн ек по 19 јануари. Релаксирајте се - дозволете им на вашите креативни мисли да течат. 25 јануари носи свест за некои соништа или цели во животот или можеби некој проблем во врска со пријателите.

Скорпија


Вашата секојдневна средина е сѐ уште активна и ве тера напред. Комуникациите во различни форми се многубројни. Вашите зборови главно се љубезни и промислени. Некој може да добие посебен предлог. Проектите започнуваат по 10 јануари за подобрување на ефикасно функционирање во вашата дневна средина и може да ви донесат големи придобивки. Внимавајте, во претстојниот период може да се соочите со залудно трошење пари. По 19 јануари домот и безбедноста бараат внимание. Проблемите со кариерата се покажуваат до 25 јануари. Хороскопот предвидува дека по 30 јануари може да сакате да се повлечете од интелектуалната сцена и да го испитате личниот и домашниот живот.

Стрелец


Прегледајте ги финансиите, одлучете дали вашата моќ е доволна и повторно преиспитајте се дали вашите вредности искрено ја рефлектираат вашата внатрешност. Преговарањето и потпишувањето финансиски договори може да се случат во текот на овој месец. Идеите за правење пари може да донесат позитивни резултати. Проектите за зголемување на вашата нето-вредност може да почнат по 10 јануари. Искористете го вишокот енергија за да одите напред. Секојдневната средина и како комуницирате со другите стануваат ваш предмет на испит по 19 јануари.

Јарец

Вашиот нов годишен астролошки круг почнува со многу планетарни движења во вашиот знак. Изразете се себеси, споделете ги мислите и идеите, променете го или подобрете го вашиот изглед. Побарајте го она што го сакате. 10 јануари ќе биде идеален период да почнете нов проект врз кој ќе оставите личен печат. Вежбајте, бидејќи вежбањето ќе ви помогне да ја ослободите вознемиреноста. По 19 јануари мора да почнете да ги земате предвид вашите вредности и да заработите моќ. Интензивните емоционални проблеми може да се појават на 25 јануари.

Водолија

Поминете време во природа и побарајте малку време за себе. Слушајте го универзумот што ви ги шепоти вистините. Хуманитарната работа овозможува чист воздух за вашата душа. На 10 јануари ќе биде одличен период да почнете со духовна/метафизичка дисциплина што ќе ви помогне да останете во допир со емоциите. Преземете улога на лидер во некоја група или организација. По 19 јануари ќе почнете да ја бркате личната магла што ве опкружува. Подготвени сте да ги споделите личните вистини и идеите. Може да има одредени проблеми во односите, но бидете трпеливи и тактични.

Риби


Ако не сте поврзани со некоја група, сега е време да пронајдете некоја чија цел ќе ја поддржувате. Пријателите имаат важна улога за вас. Целите и соништата ќе бидат променети. Кариерата добива силна енергија. Внимавајте да не ги „изгорите“ другите со вашите силни идеи. Пронаоѓањето нови цели или започнувањето нови пријателства ќе се случат околу 10 јануари. 25 јануари носи свест за некои проблеми поврзани со работата. По 30 јануари ќе биде одличен период да поминете време сами. Не заборавајте да ги искажувате вашите чувства.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот