01.10.2019
Живот
Месечен хороскоп за октомври 2019 година
Овен
Љубов - Октомври за повеќето овни ќе донесе подобрувања во комуникацијата, што секако ќе им одговара на сите што се во врска. Ова е одличен период да разговарате со партнерот за сите ваши проблеми затоа што и двајцата ќе бидете во можност реално да ја согледате ситуацијата и да го решите тоа што ви пречи. Она што може да го обележи наредниот период за вас се промените што сакате да ги воведете заедно со вашиот партнер. Октомври не е добар само за зафатените, туку и за слободните. Навреме ќе направите чекор кон тоа повеќе да не сте сами.
Работа - Октомври ќе го обележат преговорите, и тоа во сите сфери на професионалниот ангажман. Но, станува збор за позитивни преговори и договори што ќе им користат на оние што веќе имаат некои бизнис-планови, но и на оние што бараат нешто за работа. Бидете подготвени, организацијата нека ви биде беспрекорна бидејќи така ќе ви биде многу полесно. Потпрете се на вашите дипломатски вештини бидејќи ќе ве спасат во многу конфликти ситуации со колегите и надредените.
Здравје - Одлично.
Бик
Љубов - Периодот што е пред вас бара да бидете во совршен баланс за да не дојде до проблеми во врската. Променете ја вашата рутина во повеќето работи, начинот на работење, хоби, извршување на секојдневните обврски, што ќе ви годи и ќе бидете позадоволни, а тоа секако ќе биде добро за вашиот однос со партнерот. Додека зафатените ќе имаат проблеми, слободните бикови не сакаат да го предадат срцето никому.
Работа - Овој месец ќе ви се создаде потреба за натпреварување, но не залудно бидејќи ќе бидете многу успешни во тоа. Совршено време е да го организирате секој ваш работен чекор и да ги решите проблемите со колегите. Ќе наидете само на позитивни коментари и критики. Информациите до кои ќе дојдете ќе ви помогнат да работите како што треба, а така ќе бидете и доста продуктивни. Ова дефинитивно ќе биде месец на биковите кога станува збор за бизнис-успесите, па би требало само да се потрудите и да го дадете вашиот максимум, ќе се исплати.
Здравје - Послушајте ја вашата интуиција бидејќи ќе ве доведе до она што навистина го сакате и за кое долго време се борите.
Близнаци
Љубов - Иако во вашата врска работите се во најдобар ред, потребно е да создадете и да воспоставите одредени граници. Колку и да имате доверба во вашиот партнер и слобода, некои работи мора да се знаат и почитуваат. Ќе биде важно вашиот партнер да знае што сакате, а што не сакате и тоа да се почитува за да не дојде до непотребни расправии. Тука е и новата врска за сите слободни близнаци, па голема е можноста едно убаво познанство да се претвори во нешто повеќе и нешто поквалитетно.
Работа - Октомври е месец кога сите што се занимаваат со односи со јавноста и продажба ќе имаат големи успеси, па потрудете се да го искористите периодот што е пред вас. Она што може да ви претстои во текот на октомври се многубројните бизнис-патувања, во и надвор од земјата, што секако ќе ви годи, а и ќе создадете значајни познанства и пријателства што ќе ви бидат важни. Близнаците што моментално не се вработени имаат големи можности да најдат работа.
Здравје - Не попуштајте многу пред емоционалниот товар.
Рак
Љубов - Многу интересни работи ги очекуваат на љубовно поле повеќето припадници на овој знак во текот на периодот што доаѓа. Доколку сте кратко време во врска или имате „пријател“, треба да се прашате дали сака нешто повеќе од слободна врска, што вам моментално ви одговара. Ќе се чувствувате енергично, а тоа ќе придонесе да сакате само кратки дружења. Но, ова нема да им одговара на оние што се во подолга врска, бидејќи уште повеќе ќе се зближат со партнерот. Слободните ракови ги очекува месец полн со забава, дружење и флерт.
Работа - Емотивниот живот ќе ви помогне да бидете поопуштени бидејќи работата носи многу обврски и работи што ќе мора да ги владеете за да ги реализирате сите цели што ги имате на ум. Ве очекува напорен месец, а тоа секако води и кон големи успеси. Но, ќе дојде до момент кога ќе мора да донесете и една голема одлука, па би требало да седнете и да размислите добро, да ги согледате сите факти што ги имате пред себе и тогаш да ја донесете конечната одлука.
Здравје - Внимавајте на здравјето и полека планирајте пократок одмор.
Лав
Љубов - Лавовите ги очекуваат помалку турбуленции во врската, доколку се зафатени. Ќе ви недостигаат малку емпатија и разбирање, и ќе имате доста критики од вашиот партнер, што секако ќе доведе до тоа да настанат различни несогласувања и расправии. Обидете се малку да се смирите и да разберете што сака да ви каже партнерот, немојте сигналите и знаците да ги толкувате погрешно бидејќи така негативно ќе влијаете врз вашата врска. Бидете малку чувствителни - така ќе го решите секој проблем.
Работа - Време е вашите идеи и планови да почнете да ги спроведувате на дело. Октомври е добар месец за успешна кариера на сите лавови, без оглед на тоа со што се занимавате. Обидете се сето она што ќе го замислите да почнете да го реализирате бидејќи брзо ќе видите дека ќе се исплати.
Здравје - Наспијте се, само квалитетниот сон ќе направи да бидете успешни на секое поле.
Девица
Љубов - Кога се љубовта и емоциите во прашање, треба да размислувате за компромиси. Немојте да ги правите работите само онака како што вам ви одговара, туку послушајте ја и другата страна, па така ќе избегнете многу конфликтни ситуации. Во текот на наредниот период на вашите емотивни односи доста ќе влијае вашата финансиска состојба, бидејќи недостигот на пари ќе ве прави нервозни, па тоа ќе им го пренесете на вашите сакани.
Работа - Како и во љубовта, во наредниот период сè ќе биде подредено од финансиите. Најдобро би било да се посоветувате со личноста што е стручна, да не вршите никакви вложувања, но ни да не штедите премногу, бидејќи избалансираниот однос ќе доведе до успеси што ги посакувате. Доколку работите во компании во кои има голем проток на пари што вие го контролирате, секогаш проверувајте двапати за да не дојде до непосакувани компликации.
Здравје - Многу сте напнати и премногу размислувате.
Вага
Љубов - Во претходниот период во вашата глава се мотаа многу прашања што сè уште ги немате решено. Сепак, во октомври дефинитивно важи она - сега или никогаш. Токму во овој период ќе имате можност конечно да разговарате со партнерот за сè што ве мачело во текот на претходните недели. Ќе чувствувате дека конечно имате сила тоа што ви е на ум и вербално да го кажете. Ќе бидете во состојба конструктивно да разговарате со партнерот, без потреба да навредувате и повредувате.
Работа - Со оглед на тоа дека овој период е добар за комуникација и отворени разговори, истиот случај важи и за работата, а не само за љубовта. Дури и вагите што се занимаваат со работа поврзана со комуникации ќе бидат многу успешни. Не ви е проблем да зборувате, елоквентни сте и сè ќе ви оди од рака. Освен тоа, вашата вештина за изразување можете да ја искористите и за самопромоција и огласи во кои ја рекламирате вашата работа.
Здравје - Избегнувајте луѓе што ви носат негативна енергија.
Скорпија
Љубов - За скорпиите што се во врска ова е одличен период дополнително да се зближат со партнерот и тоа на некои романтични патувања, далеку од сите. Тоа ќе биде совршен начин да си се посветите еден на друг и да ја зајакнете вашата врска за која се чини дека сте немале доволно време. Доколку сте слободни, сфатете дека не може сè да биде совршено и вашиот партнер не мора да биде совршен. Престанете да се оптоварувате со деталите.
Работа - Скорпиите овој месец ќе бидат заинтересирани за реализирање пријателски односи со колегите на работа. Само напред. Таквите односи не само што ќе бидат забавни, туку и корисни. Ова е добар период за работа, особено доколку се занимавате со работа што влијае врз поголем број луѓе или цела заедница, како што се, на пример, хуманитарните професии. Ќе бидете ефикасни во комуницирањето.
Здравје - Ќе ви биде потребен одмор од сите, ќе сакате да избегате далеку, да се изолирате и да се посветите на себе.
Стрелец
Љубов - Зафатените стрелци ги очекува страстен месец. Ќе бидете расположени за љубов и ќе зрачите со топлина. Доколку сте во брак, можеби ве очекува проширување на семејството. Ако веќе имате деца, ќе почувствувате дека им е потребно повеќе внимание и љубов. Ако сте слободни, дефинитивно нема да ви биде досадно. Ќе запознаете интересна личност преку социјалните мрежи.
Работа - Кога станува збор за работата, ќе ви биде важно да бидете систематични, точни и добро организирани. Ќе бидете брзи, но прецизни и овој период е навистина добар без оглед на вашата професија. Дури и на студентите им се насмевнува среќата. Бидете трпеливи, концентрирани и успехот ќе дојде, само не откажувајте се.
Здравје - Внимавајте на исхраната.
Јарец
Љубов - Овој месец односот со семејството ќе ви биде на прво место, особено доколку имате партнер и деца. Вашата потреба повторно да бидете млади не е лоша бидејќи дополнително ќе ве зближи со нив. Исто така, ќе ви биде важно да почувствувате дека вашиот однос расте и се развива. Доколку сте слободни, можно е на некое патување, приватно или работно, да запознаете личност што ќе ви се допадне и со која ќе сакате да се впуштите во флерт, а можеби и нешто повеќе.
Работа - Доколку новата технологија е дел од вашата работа, ќе мора да ги следите промените и да бидете во тек со случувањата. Доколку ги вклучите во вашата работа, тоа може да ви донесе само добро. Генерално, ништо посебно нема да се промени овој месец, а доколку досега успешно сте работеле, таквата ситуација ќе продолжи.
Здравје - Добро.
Водолија
Љубов - Зафатените водолии во октомври ќе бидат слаби на својот партнер. Тој ќе има големо влијание врз вас, па ќе се чини како да е сосема различна личност. Иако можеби нема да се согласувате со неговиот став, на крај вие ќе попуштите. Иако ви изгледа како да се откажувате од она што сте, на некој чуден начин ќе ви одговара ваков однос. Дури и слободните ќе бидат расположени за љубов.
Работа - Можеби ќе се соочите со некои проблеми на работа, но колку и да изгледаат големи и значајни, немојте толку внимание да им посветувате на деталите, туку потпрете се на вашата интуиција. И верувајте во себе! Ова е период кога на полесен или потежок начин ќе научите дека понекогаш мора да се оддалечите од она што ве фрустрира.
Здравје - Внимавајте на исхраната.
Риби
Љубов - Доколку сте во подолга врска или брак во кој има дете, можно е да дојде до несогласувања или недоразбирања со партнерот. Ова не е нешто што не може да се преброди, но и двајцата морате да ги смирите страстите и рационално да го согледате евентуалниот проблем. Тимската работа не е важна само кога станува збор за работата, туку и кога станува збор за кој било друг тип личен однос. Насочете се на заедничката цел, а сите ваши разлики оставете ги настрана.
Работа - И во професијата е важна тимската работа. Клучот на добрата комуникација е во точните информации и слушањето, а тоа за вас не е проблем. Умеете да го привлечете внимание на себе и добро да ја продадете вашата работа. Во суштина, ништо посебно нема да се промени на работен план. Истата работа, истите обврски, истите искушенија.
Здравје - Овој месец ќе бидете склони кон настинки.
Подготвил: Тамара Гроздановски