X
 30.04.2015 Забава

Месечен хороскоп за мај 2015 година

Што ѕвездите имаат да кажат за овој месец?

 

horoskop


Овен - За родените во овој знак мај е месец кога голем дел од работите си доаѓаат на свое место. Уште во првите денови ќе ви се случи една ситуација после која вашата љубовна врска нема да биде толку силна и постојат вистински шанси за раскинување. Во втората половина на месецот ќе ве привлече еден непромислен потег кој ќе ве чини многу нерви и труд за работите да ги вратите во првобитната состојба.

Здравје- Здравјето за среќа ќе ви биде постојано добро.

Бик - Многу очекувате од овој месец. Секогаш кога очекувате многу следува разочарување. Ќе откриете една мала измама од личноста на која безусловно сте и`верувале, а таа ќе ве изневери. Ќе бидете разочарани и депресивни. И токму кога сте на работ на депресија и уништување на сите емоции, ќе се појави личност која не сте ја забележале воопшто, а чија внатрешна и надворешна убавина дури сега ќе ја забележите. Планираните бизниси и случувања ќе бидат откажани поради одредени проблеми.

Здравје - Ве очекуваат мали здравствени проблеми кои можат да се решат со здрава исхрана и спортување.

Близнаци - Во првата половина на овој месец треба да бидете доста внимателни во сообраќајот. Особено со кој се возите во текот на вечерните часови. Исто така, ве очекуваат доста интересни денови и едно сосема неочекувано и спонтано патување на интересна туристичка дестинација. Овој пат ќе ви ја освежи вашата страст. Повторно ќе се разгорат страстите и повторно ќе се чувствувате како на почеток на врската. На професионален план ве чека една добро платена меѓутоа доста ризична работа. Не прашувајте за совет, ова е нешто за кое сами мора да одлучите.

Здравје - Болки во стомакот поради несоодветна исхрана.

Рак - Колку е убаво да се биде Рак, нели? Посебно во период кога природата е бујна, ружите се расцветани, а во вас будат неверојатни чувства. Умеете да бидете среќни и да уживате во она што го имате. Ќе уживате и на работен план, а богами и на љубовен план. Во последната недела на месецот ќе настапи критичен период на работа кога се создаваат услови еден значаен дел на луѓето од овој знак да останат без работа. Главата горе - ќе биде подобро. Мора да биде подобро.

Здравје
- Здравствената состојба ќе ја следи настанатата ситуација.

Лав - Ќе ви се случи толку очекувана работа со толкава брзина, што нема да знаете што ве снајде. Ќе бидете во вистински хаос и ќе посакувате слободно време кое ќе го имате се` помалку. Но, тоа е цената на успехот. Дури и ќе добиете понуда која ќе ве стави во недоумица и поради која нема да можете да спиете. Би било добро некако за брзо време да го решите овој проблем. На љубовен план ве очекува партнер кој е повеќе од воодушевен што ве има во прегратка. Потрудете се да го/ја задоволите затоа што заслужува.

Здравје - Одлично.

Девица - За уметничка душа каква што сте вие доаѓа време на засилени емоции. Природата во вас знае некогаш да ве пробуди, такашто ќе преовладуваат ведри расположенија. Ќе го искористите секој момент за престојување во природа и тоа ќе ви даде енергија повторно да ги започнете проектите кои постојано ги запоставувате и ги поттурнувате настрана. Треба да обрнете внимание на појавувањето на една личност во третата недела од овој месец која навистина сака да се зближи со вас. Прашање е дали намерите и` се добри.

Здравје - Мали алергиски проблеми со полен.

Вага - Се впуштивте во работа со луѓе за кои знаевте дека не се од доверба. Секако, животот е полно со вакви непријатни изненадувања. Паметен човек од се` извлекува поука. Друг пат ќе знаете во што навлегувате и какви очекувања треба да имате. Насочете ја енергијата кон партнерот кој ве предупредува што би можело да се случи. Сега сфаќате кој навистина ви мисли добро. Од целата ситуација ќе излезете со посилна љубовна врска.

Здравје - Нервозата влијае врз нивото на шеќерот во крвта.

Скорпија - За време на празниците може да дојде до мала повреда за време на едно несмасно движење. За среќе добро ќе поминете. Ќе има нервози и поради неколку упропастени денови, меѓутоа не се грижете, ќе помине за брзо време. Размислувате за дизајн на кредити кои би ги искористиле за работа за која реално не знаете скоро ништо. Размислете добро, па потоа одлучувајте. Не брзајте. На љубовен план една личност која долго време не сте ја виделе сака поблизок контакт со вас.

Здравје - Болките во главата и вратот се од несоница.

Стрелец - Имате воспоставено одлична комуникација со новата средина и тоа целосно ве исполнува. Една личност која се преправа дека ви е пријател сака да ви наштети. Помеѓу 8 и 10, ќе се обиде да ви го уништи рејтингот со ужасна гласина. Држете се достоинствено и се` ќе си дојде на свое место. Би можело да се случи во третата седмица да запознаете личност чијшто сјај ќе ве маѓепса, но само за кратко.

Здравје - Променливо.

Јарец - Еден член од вашето пошироко семејство уште на почетокот на месецот ќе се соочи со хируршка интервенција. Резултатот зависи од многу фактори. Тоа силно ќе ве раздрма и ќе ве натера да ја сфатите суштината на минливоста на животот на Земјата. Ќе ви биде потребно долго време за повторно да станете на нозе. Соберете сила и продолжете понатаму. Пред вас е доста голем професионален предизвик кој со сигурност треба да го прифатите. Емотивната врска е во криза. Обидете се и направете нешто за да ја надминете кризата.

Здравје - Поголеми здравствени проблеми нема да има, освен нервоза.

Водолија - Мај е месец во кој морате да одлучите во која насока сакате да оди вашата врска. Состојбата во која таа се наоѓа сега бара одговори и решенија. Или сакате нешто сериозно, како брак или секој на своја страна. Времето на неискажаноста веќе помина. На професионален план, овој месец е совршен доколку сакате да започнете некој бизнис. Иако знаете да бидете неодлучни, овој пат обидете се веднаш да донесете одлука затоа што од неа ви зависи вашата финансиска иднина. Назад нема. Храбро напред.

Здравје
- Може да закачите непријатен вирус.

Риби -
Порлетта за вас е најубавото годишно време, меѓутоа никако да се опуштите и да уживате во него. Постојано нешто ви недостасува за да имате целосно задоволство. Животот е краток, па затоа добро би било да не ги одложувате радостите за понатаму. За тагата секогаш има време, а за среќата никогаш не е рано. На изглед имате се`, но сепак се чувствувате како нешто да ви недостасува. Можеби скриената причина лежи во односот со партнерот кој и не е баш најдобар. Обидете се да ги решите сите проблеми со него, за да можете да уживате и да им се радувате на убавините на пролетта.

Здравје - Одлично.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава