Унгарија ќе гради јаглерод-неутрален град
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Унгарија планира да изгради град кој ќе биде целосно јаглерод-неутрален. Германската компанија ФАКТ инвестирала 1,1 милијарда долари за хортикултурниот и инфраструктурен проект со големина од 500 фудбалски
игралишта, кој би можел да создаде 5.000 постојани работни места.
Целиот град ќе се напојува со соларна и енергија од биогас. Идејата е да се овозможи основа за конвертирање на другите региони во областа од користење јаглен на користење чиста енергија.
Западните медиуми пренесуваат дека во градот ќе има градинка, училишта, станови и места за шопинг, а зеленчукот ќе се одгледува во стаклени градини.
- Се надеваме дека ќе стане белег на Европа. Оваа инвестиција е најголемиот и најсложениот земјоделски проект од областа на прехранбената индустрија во последните неколку децении и е уникатен во Централна Европа - истакна
унгарскиот министер за земјоделство Истан Наги.