X
 03.01.2020 Живот

Месечен хороскоп за јануари 2020 година

Како што покажува хороскопот, јануари 2020 година е време за повторно наоѓање и откривање на себеси. Нека детето во вас живее сто на час - така ќе станете најдобрата верзија од себеси.

Овен

Предизвикувачки аспекти ве опкружуваат овој месец во врска со вашите лични цели и вашата сакана личност. Ви претстои одличен почеток оваа година. Сонцето, вашиот креативен владетел, е во комбинација со Меркур на 10 јануари, помагајќи ви да почнете нови рутини што го поддржуваат вашиот животен стил. Научете да ги балансирате вашите лични и професионални одговорности бидејќи Меркур и Сатурн, кои владеат во кариерата, се спротивставуваат на овој транзит. Од 20 јануари Сонцето ќе ја осветли вашата 11. куќа на групи, пријателства и цели. Сонцето е тука за да ви помогне да соработувате со пријателите и да наидете на инспиративни нови идеи за да напредувате.

Бик


Паметно е си ги средите финансиите. Размислете како вашите емоции и желби влијаат врз вашето трошење. Бидете сигурни дека сте во можност да паузирате малку во текот на овој период и да го искористите времето за да разберете што поточно ви треба. Ако се борите со вашата креативна страна, обидете се да се фокусирате на подобрување на процесот, а помалку на ставање крај на вашите цели. Ако сте во врска, добро би било да одите на патување на 12 јануари. Ако сте слободни, искористете го периодот за да истражувате повеќе.

Близнаци


Месецот ќе ви почне бурно. Марс ќе биде во вашата куќа на врски и ќе поттикнува одлучувачки активности за подобро или полошо, што значи дека ќе постои веројатност да поттикнете убави моменти со вашата сакана личност. Ако сте си поставиле какви било новогодишни цели минатиот месец, сега е одличен период да ги преиспитате и да направите приспособувања за тие подобро да одговараат на вашиот живот - можеби сте поставиле премногу високи или премногу ниски цели. Можеби приоритетите ви се променети. Не игнорирајте ги вашите инстинкти.

Рак

Со Сонцето во Јарец, вашиот спротивен знак, во поголемиот дел од месецот, имате одлично партнерство. Без разлика дали сте повеќе фокусирани на вашите пријателства или романтична врска во моментот, ќе се чувствувате инспирирани да решите какви било нерамнотежи: Дали давате повеќе отколку што добивате? Како можете подобро да ја покажете вашата посветеност кон најблиските? Ќе имате особено силна моќ над вашата емоционална состојба. Внимателно следете ги вашите чувства на 10 јануари, кога полната Месечина ќе пристигне во вашиот знак: може полесно да се лутите.

Лав

16 јануари може да биде лош за справување со конфликти и тензии во вашите односи. Наместо да нападнете, може да се замрзнете и да премолчите најверојатно од страв да не повредите некого ако изберете страна. Вашите партнерства се особено драгоцени овој месец, а како што месецот изминува, вашата желба да покажете дека многу се грижите ќе се засили. Во наредниот период фокусирајте се на проектите што ќе ви ги доделат на работа. Ќе бидете одлични и вие и вашата креативност.

Девица

Јануари со себе носи многу задачи што ќе им одговараат на девиците, од справување со новогодишни резолуции до реорганизирање на работите и плановите за 2020 година. Секако, не секоја девица ќе ужива во овие проекти и ќе сака да се ослободи од нив што е можно поскоро. Подоцна овој месец ќе го насочите истиот став за решавање на проблемите и кога станува збор за вашето здравје и личните рутини. Време е да ги исполните ветувањата што си ги дадовте. Дури и најмалата позитивна промена во вашата рутина може да биде голема за вас.

Вага

Имате можност да го приспособите вашиот кариерен пат за време на полната Месечина: запрашајте се: Дали сте задоволни со вашата улога во канцеларијата или се чувствувате како некој да ве ставил во ќоше? Политиката на работното место има начин да ја поткопа нашата самодоверба, и тоа двојно се зголемува кога чувствувате дека вашата репутација е ставена во прашање. Кон крајот на јануари ќе добиете инспирација да зборувате со вашиот ум, да го искажете вашиот креативен поглед и да имате поголема дружба со колегите.

Скорпија

Го имате секое право да останете во вашата тврдина на осаменост. Вашата способност за мултитаскинг ќе биде доведена во прашање, како и вашите вештини за разговор. Сепак, кога ќе почнат озборувањата, обидете се да ја затворите вашата уста и ушите - инволвирањето во драми  ќе ви ја отежни целата ситуација. Уживајте во месецот, но бидете подготвени критички да размислувате за вашата дефиниција за „дом“ и „удобност“. Тоа ќе ви покаже како можете да го подобрите вашиот сегашен простор за живеење и ќе ве потсети кој прави да се чувствувате пријатно и безбедно.

Стрелец

Дали последните недели од 2019 година трошевте многу? Без оглед дали сте купувале за себе или за вашите пријатели, ќе треба малку да намалите. Новиот месец само што почна, а вие веќе се чувствувате одлично. Во новата година ќе флертувате и ќе се забавувате. Кога станува збор за вашата кариера, пресвртен ќе биде 12 јануари. Можно е да прифатите работна позиција што нема допирни точки со досегашната или проект во кој ќе треба максимално да се вложите.

Јарец

Сезоната на јарците е во полн ек и ова треба да го искористите. Минатиот месец Јупитер се пресели во вашиот знак и ги отвори очите кон сето она што сакате да го реализирате и добиете. Како што тргнувате кон новата година, обидете се да го одржувате вашиот цинизам на минимум. Може да се појави можност за помош од пријател во текот на месецот што не треба да ја одбиете. Кога станува збор за љубовта, ова е вашата година. Ќе сакате да заведувате, да флертувате и да се вљубувате.

Водолија

Додека сите други брзаат напред да ја почнат новата 2020 година, вие ќе заостанувате. Можеби не сте завршиле со 2019 година. Минатото останува со вас, многу подолго отколку што очекувавте. Ако постојат некои стари проекти, врски или обврски што ви паѓаат на ум, време е да ги решите и и реализирате. Иако не сте завршиле со 2019 година, во новата година веднаш се насочувате кон успехот. Но, важно е да го одржувате темпото со кое сакате да ја поминете годината. Важно е да ги завршите почнатите проекти, а подоцна да се насочите кон други.

Риби

Венера, планетата на љубовта и убавината, се впушта во вашиот знак и го почнува периодот на самољубов. Покажете дополнителна трпеливост и љубезност и игнорирајте ја тенденцијата на Венера кон површност. На 3 јануари Марс ќе влезе во вашиот сектор на планирање, а Венера ќе ве натера да ги идеализирате луѓето. Космичката средба меѓу Сатурн и Плутон ќе ве натера да комуницирате поотворено со клиентите и повеќе да се вложите во работата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот