Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон според кој паметните телефони, компјутерите и паметните телевизори мора да имаат претходно инсталирани руски апликации.
Законот стапува во сила на 1 јануари, а донесен е со цел да се поттикне развојот на руските ИТ-фирми.
Руската влада ќе направи список со апликации што ќе мора да бидат инсталирани на уредите.
Извор: МИА