Овогодишните реклами за Супербоул се преполни со суперѕвезди и пораки - од Елен Деџенерес, која зборува за Алекса на „Амазон“, до реклама за органско земјоделско земјиште. Но, има и неколку несакани пораки.
Ова се приказните на најголемите американски корпорации создадени за да забавуваат, информираат и да продаваат производи на најголемата сцена во телевизијата - оваа година тие чинат дури 5,6 милиони долари за реклама долга 30 секунди. Понекогаш овие приказни кажуваат многу повеќе отколку што очекувале нивните спонзори.
Земете ја за пример рекламата на „Киа“. Џош Џејкобс вози автомобил, замислувајќи каков совет да му даде на младиот Џејкобс. Тој израснал како бездомник на улиците во Тулса. Во рекламата тој се гледа себеси како млад како трча низ улиците. „Натерај се себеси да бидеш некој, и ти ветувам, еден ден ќе бидеш“ - е советот на Џејкоб.
Ова е одлична порака за ден во кој преовладуваат грицките и гледањето фудбал. Но, секој што знае колку е мала веројатноста едно дете да стане професионален фудбалер знае и дека многу млади луѓе ги немаат потребните атлетски вештини за да избегаат од слични околности.
Ова се најпровокативните,
најзабавните реклами и реклами што испраќаат двојни пораки.
„Типичен Американец“ на „Будвајзер“ - реклама што употребува националистички јазик за продажба на пиво
Рекламата на Мајкл Блумберг за која потрошил 11 милиони долари
Рекламата на Доналд Трамп
Најчудното „користење“ позната личност I дел - Пост Малоун за „Бад лајт“
Најчудното „користење“ позната личност II дел - Ем-Си Хамер за „Читос“
Најдобра употреба на музика од 90-тите за модерен производ - „И секој ден мрмотот те поздравува“ за „Џип“
Најдобрата употреба на бостонскиот акцент уште од филмот „Покојните“