X
 05.01.2020 Живот

Празникот што Енвер Хоџа најмногу го сакал

Единствениот празник што во Албанија се славел „со благослов“ од Енвер Хоџа во комунизмот била Новата година. Тој со нетрпение го очекувал овој празник и не се воздржувал ни да се маскира во Дедо Мраз.

На следните фотографии, кои никогаш претходно не се објавени, може да се види празничната атмосфера во фамилијата на Хоџа. На фотографиите може да се видат неговата сопруга Неџмије, двајцата синови - Илир и Сокол со нивните сопруги Теута и Лилјана - ќерката Пранвера со сопругот Клемент Кољанеци и нивните мали деца.






На една фотографија може да се види Хоџа со бела перика и брада, а до него стои неговата сопруга.



На другите фотографии тој е придружуван од мали деца, истакнати пионери од албанската престолнина.


Секако, тука е и елката, која е украсена со памук и други украси.



Се верува дека фотографиите се од далечната 1973 година.

Фото: Memorie.al
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот