Доколку барате работа во администрација, во моментов има повеќе од 500 отворени позиции за кои можете да аплицирате.
Неколку установи имаат огласи за вработување на неколку десетици административци, а дел од нив се Министерството за финансии, каде што преку еден оглас што се затвора утре се вработуваат
34 службеници, а со втор се вработуваат
20 службеници; Министерството за информатичко општество и администрација, за каде што има оглас за вработување
30 службеници; Агенцијата за вработување, за каде што со неколку огласи се бараат 75
службеници; Агенцијата за катастар на недвижности, каде што се вработуваат
30 службеници; Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за каде што е распишан оглас за вработување на
55 службеници итн.
Освен овие, активни се и голем број други огласи, а можете да ги видите
ТУКА.