X
 05.03.2019 Живот

Кажи ми колку ме сакаш во „Капитол мол“ на 7 март 2019

Во „Капитол мол“ малите на уникатен начин ќе им кажат на своите мајки, баби, тетки, учителки и други колку ги сакаат

„Капитол мол“, по повод празникот на жената, 8 Март, подготви специјална креативна програма за малите дечиња кои со своите рачиња треба да им покажат на нивните мајки, баби, тетки, учителки и други колку ги сакаат. Со голема палета на бои тие ќе ги исцртаат своите чувства.

На 7 март од 18 часот „Капитол мол“ ги повикува сите да бидат дел од изворот на среќата за секоја жена. За 365 дена љубов, со 365 нијанси на бои, малите со своите раце ќе ја покажат својата љубов затоа што не е важно дали е 8 Март или кој било ден од годината. За оваа иницијатива од „Капитол мол“ велат: „Сакаме сите да го почувствуваат тоа што најискрено го има во емоциите на најмалите и да ја видат на платно почитта што ја имаме сите кон жената“. Овој настан е прекрасна можност преку креативност и разнобојност да се поттикнат децата да ги покажуваат своите чувства отворено овозможувајќи им среќен и природен развој.

„Капитол мол“ во период од 7 до 10 март подготви и специјални изненадувања за припадничките на понежниот пол, а тимот на Kids Park & 4Bowling ќе ги израдува најмалите и најмилите со креативни работилници и многу насмевки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот