05.08.2022
Живот
Најкомплицираниот сообраќаен надвозник во светот
Кога станува збор за сложени сообраќајни надвозници, еден е особено интересен. Надвозникот „Хуангјуеван“ се наоѓа во Кина и има пет нивоа.
Овој сообраќаен комплекс се наоѓа во градот Чонгкинг, кој е во центарот на земјата, а со своите предградија има повеќе од 22 милиони жители. Јасно е дека со таков град, кој е и сообраќаен центар, мора да има и еден ваков објект.
Надвозникот има 15 рампи со вкупна должина од 16.414 метри, кои водат во осум правци. Изградбата започна во септември 2009 година и беше завршена во 2017 година.
Прагматичните Кинези смислија решенија за оние што ќе залутаат. По 800 метри, во секој правец, конструиран е мал надвозник кој им овозможува на оние што погрешиле правецот да се вратат.
Извор: Cdm.me https://www.cdm.me/zabava/zanimljivosti/idealna-za-masovne-tuce-ovo-je-najkomplikovanija-saobracajna-petlja-na-svijetu/
Фото: YouTube/screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски