Наставни програми несоодветни за возраста, премногу часови, тешки домашни задачи кои повеќето ученици ги решаваат со помош на родителите... Ова се само дел од проблемите што ги истакнаа родители на основци во одговорите на двете онлајн-анкети што ги состави Советот на родители од Основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола.