X
 07.02.2022 Живот

МОН: Нема упад во базите со податоци, информацијата на социјалните мрежи е лажна

Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири не е точна. Видеоснимките од безбедносни камери кои се прикажуваат не се од простории на Министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за заштита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично. Системите на МОН се соодветно заштитени.

Министерството за образование и наука информира дека по направени проверки на соодветната внатрешна служба заедно со надлежните институции за справување со компјутерски инциденти, не е констатиран никаков упад во електронските системи и бази на податоци со кои располагаме како институција.

Во меѓувреме остануваме во постојана координација и продолжуваме да работиме со сите релевантни институции и органи што работат во областа на компјутерскиот криминал и конфликти, а во насока на подигнување на безбедноста на електронските системи на уште повисоко ниво.


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот