X
 11.11.2026 Живот

Мистеријата на островот Смоквица - скриената воена база од Југославија имала важна задача

Островот Смоквица Вела кај Рогозница, сместен во Корнатскиот Архипелаг, со години беше синоним за мистерија, луксуз и строга приватност.

Овој дел од јадранскиот рај со децении беше затворен за јавноста, заграден и под будното око на приватно обезбедување.

Некогашно приватно засолниште


- Малкумина знаат дека под некогашните луксузни вили и приватни плажи се крие заборавена воена тајна - откриваат урбаните истражувачи Ален и Нино, автори на јутјуб-каналот „Тера Кроејша“, чија дестинација за новата експедиција беше токму овој остров.

Двајцата авантуристи одлучија да проверат што се случило со некогашното приватно засолниште откако ѝ беше вратено на државата, но и да ѕирнат во скриениот подземен свет што постоел во минатото.

Пред да стане приватна оаза, а по Втората светска војна, островот бил стратешка воена точка на ЈНА, задолжена за контрола на поморскиот сообраќај.

 

Воен подземен лавиринт

Низ густата медитеранска вегетација и меѓу карпите, екипата на „Тера Кроејша“ пронајде заборавен систем од воени подземни тунели, артилериски позиции и бетонски бункери ископани длабоко во камен.

Новото видео носи фасцинантен контраст.

Од една страна, некогашниот приватен луксуз кој полека ја губи битката со времето и пропаѓа, а од друга страна, масивниот, студен воен подземен лавиринт од времето на Студената војна, кој сите го заборавиле.

- Обичен човек овде не смееше ни да ѕирне, а камоли да стапне. Денес носиме снимки од сè што се криеше зад високите огради и строго чуваните влезови - порачуваат Ален и Нино.

Извор: Telegraf.rs
Фото: принтскрин/јутјуб

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот