Корисниците на „Виндоус 11“, кои се дел од програмата „Инсајдер“, сега можат да користат кој било уред со „Андроид 9.0“ или понова верзија како веб-камера за време на видеоповици.
За да функционира сè, потребно е да ја инсталирате апликацијата „Link to Windows“ на мобилниот уред, односно верзијата 1.24012 или понова.
Оние што се дел од програмата „Виндоус инсајдер“ потоа треба да ги следат чекорите: Поставки - Блутут и уреди - Мобилни уреди, па да ја изберат опцијата Управување со уреди, каде што ќе му дадат пристап на компјутерот до мобилниот телефон. По поставките, ќе се прикаже потврда за успешно спојување.
Корисниците ќе можат да ги употребуваат предната и задната камера, да додаваат ефекти и да пристапуваат до претходно направените фотографии преку компјутер. Новите функции на „Инсајдер“ во моментов се достапни за корисниците.
Извор: Klix.ba
Фото: Freepik