X
 07.06.2020 Живот

Како да се вратите на работа по долга пауза?

Без разлика дали се враќате на работа по годишниот одмор или сте биле отсутни од други причини, враќањето не е ни малку лесно. Потребно е некое време за повторно да влезете во форма и да се навикнете на стариот начин на живот.

Враќањето на работа по подолга пауза за секого претставува голем предизвик. Во продолжение ви претставуваме неколку совети како полесно да се вклопите во работната средина по подолго отсуство.

1. Бидете посветени

Колку и да ви е тешко да се вратите на работа, мора да бидете фокусирани и посветени на работата. Кога сте на работното место, насочете се на работата инаку цело време ќе бидете незадоволни. Со извршувањето на задачите времето ќе ви помине побрзо.

2. Дознајте што се променило

Ако подолго време сте биле отсутни од работа, обидете се да дознаете дали се случиле некои промени. Дознајте што се случило и што значи тоа за вас и за вашето работно место. Разговарајте со шефот и другите вработени и обидете се да дознаете нешто повеќе за промените што се случиле додека вие не сте биле таму.

3. Приспособете се на промените

Враќањето на работа по долго време може да биде прилично шокантно. Потребно е некое време за да се приспособите и да се навикнете на стариот распоред и ритам - затоа немојте да бидете во паника. Обидете се да се опуштите и дајте си себеси некое време за адаптација и враќање во рутината.

4. Побарајте помош

Ако е потребно, побарајте помош од вашиот шеф и колегите.

5. Флексибилно работно време

Ако сте биле отсутни поради здравствени проблеми или породилно, тогаш добро би било да побарате флексибилно работно време, доколку е возможно. Можете, на пример, да го приспособите работното време како што вам најмногу ќе ви одговара, или пак да работите половина работно време или да работите од дома.

6. Надградете ги вашите вештини

По подолга пауза, вашите работни вештини може малку да се застарени. Во ова динамично време потребно е постојано да учите и да ги надградите вашите знаења. Дајте сè од себе и обидете се да го надоместите пропуштеното доколку сакате да напредувате во вашата кариера.

7. Искористете сè што сте научиле

Само затоа што подолго време не сте биле на работа, не значи дека сето тоа време е изгубено. Во тој период сигурно сте научиле нешто за себеси и сте стекнале животни вештини кои и тоа како ќе ви бидат од корист на работното место. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот