X
 14.01.2016 Живот

Потребни се информатичари - Што ќе бараат работодавците годинава?

Во 2016 година, работодавците бараат технолошки професионалци, пред сè.


Според неодамнешна анкета на „Dice“, приближно 78% од работодавците сакаат да вработат технолошки професионалци во првите шест месеци од годината. Но, какви професионалци сакаат работодавците, поточно?

Потребата за професионалци од областа на технологијата расте. Речиси 71% од работодавците изјавиле дека имаат потреба од зголемување на вработените од областа за најмалку 11% во првата половина од годинава.

Тие сакаат кандидати кои се со модерни вештини и ги познаваат своите индустрии многу добро. Се цени и добрата комбинација од вештини како комуникација, говор пред јавност итн.



Повеќето од компаниите кои учествувале во анкетата изјавиле дека бараат почетници. Па, доколку сте студент по компјутерски науки или слично, сега е вистинско време да барате работа. Започнете со вежбање за презентација на вашите вештини и не се плашете да барате совет.

За да привлечат подобри кандидати, сè повеќе компании вклучуваат повеќе бенефиции за своите вработени. 53% од работодавците изјавиле дека нивните компании нудат бенефиции како бесплатна храна или теретана, како и бонуси.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот