X
 09.07.2019 Живот

Германските синдикати бараат „сиеста“ - пауза во текот на топлотните бранови

Германската конфедерација на синдикати повика на подолга пауза од типичните 30 минути за ручек, што е честа појава во медитеранските земји. Минатиот месец Германија ги забележа највисоките температури.

Во пресрет на неодамнешниот рекорден топлотен бран во Европа, Германската конфедерација на синдикати (ДГБ) соопшти дека ќе врши притисок врз работодавците во Германија за да им понудат на вработените „сиеста“, вид пауза што е вообичаена за медитеранските земји.

- Јужните земји веќе го имаат овој вид пауза во текот на топлотните бранови, а потребна ни е и нам во Германија - рече портпаролката на ДГБ, Анели Бунтенбах. Таа додава дека одговорност е на работодавците да се осигурат дека работниците имаат место каде што би можеле да се соземат во текот на најжешките делови од денот.

- Помага ако постојат простории за одмор каде што работниците ќе можат да дремнат еден час - вели таа и додава дека правилната сиеста значи повеќе отколку само вообичаениот половина час пауза за ручек.

- Навистина, на луѓето им е потребно да се исклучат подолго време во периоди на интензивна топлина.

Минатиот месец Германија ги забележа највисоките температури во месец јуни, при што температурите достигнаа 38,9 Целзиусови степени во некои области.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот