X
 07.07.2023 Економија

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалаци се зголемени.

За храна и пијалаци во јуни биле потребни минимум 19.805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13.416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3.720 денари, а за хигиена 3.252 денари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија