Постојат одлуки што не се мерат само во бројки, туку и во чувство. Првиот сопствен дом е една од нив.
За многу млади луѓе, идејата за сопствен стан или куќа не е само прашање на недвижен имот. Тоа е симбол на независност, стабилност и почеток на ново животно поглавје. Место каде што ќе ги создаваат своите навики, ќе ги градат своите планови и ќе ги дочекуваат најважните моменти од животот.
Но, во време кога цените на недвижностите растат, а трошоците за живот стануваат сè поголем предизвик, купувањето прв дом често изгледа како далечна цел за многу млади луѓе.
Токму затоа финансиското планирање и долгорочната стабилност стануваат клучен дел од процесот. Наместо одлуката за сопствен дом да се одложува со години, сè повеќе млади бараат начини како порано да го направат овој важен животен чекор, но без да го нарушат својот месечен буџет и финансиска сигурност.
Во таа насока, Шпаркасе Банка го нуди Станбениот кредит за млади – решение наменето за оние што сакаат да го започнат патот кон сопствен дом со услови приспособени на нивната животна фаза.
Кредитот овозможува финансирање за купување стан или куќа, доградба или надградба на постоен станбен простор, како и рефинансирање станбен кредит од друга банка.
Она што го издвојува е можноста за пониска и поприспособена месечна рата во првите години од отплатата, период кога најголем дел од младите сè уште ја градат својата кариера и постепено ги зголемуваат своите плати и приходи. На овој начин, првиот чекор кон сопствен дом станува полесно планиран и поусогласен со реалните финансиски можности.
Станбениот кредит за млади овозможува износ до 400.000 евра, рок на отплата до 30 години и каматна стапка што започнува од 3,30 %, со можност за вклучување и полиса за животно осигурување како дополнителна сигурност за иднината.
За многумина, домот започнува со клуч в рака. А вистината е дека започнува многу порано – со одлуката да се направи план за иднината.
Бидејќи првиот дом не е само адреса на која ќе живееш. Првиот сопствен дом е место каде што ќе растат твоите идеи, соништа и животни приказни.
А секоја добра приказна започнува со сигурен прв чекор.
Повеќе за Станбениот кредит за млади на Шпаркасе Банка
прочитај тука.
(Комерцијална објава)