X
 07.09.2019 Технологија

„Фејсбук“ нуди 10.000 долари за тој што ќе ја хакира неговата криптовалута либра

„Фејсбук“ нуди 10.000 долари за оној хакер што ќе успее да најде маана на заштитниот систем на новата криптовалута либра. Предизвикот на својот блог го објави директорот на развојниот тим на либра, Мајкл Енгл. Тој додаде дека наградата е дизајнирана за да открие какви било слабости и пропусти во безбедносниот систем пред официјалното лансирање наредната година.

- Кога го создадовме либра-блокчејнот, безбедноста беше на првото место. Ако луѓето се потпираат на либра за нивните секојдневни финансиски потреби, клучно е инфраструктурата зад неа да е сигурна и безбедна - напиша тој.

- Нашата програма за награди е дизајнирана да ги охрабри членовите на безбедносната заедница да копаат длабоко, помагајќи ни да ги пронајдеме дури и најсуптилните грешки. Учесниците може да добијат до 10.000 долари за откривање на најкритичните проблеми - додава тој.

Големите награди за откривање грешки се вообичаена тактика што ја користат технолошките компании за да ги најдат проблемите кај нивните софтвери пред тие да бидат експлоатирани од хакерите за злонамерни цели. Програмата за грешки на „Фејсбук“ досега платила повеќе од 7,5 милиони долари од нејзиното лансирање во 2011 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија