X
 07.11.2019 Забава

„Светот на Биби“ ќе учествува на „Картун 360“ во Лил, Франција

Проектот „Светот на Биби“ ќе биде презентиран на големиот пичинг-настан „Картун 360“ (Cartoon 360), кој ќе се одржи од 2 до 4 декември во Лил, Франција. Станува збор за настан кој е целосно посветен на мултимедијалната анимација и се смета за следен чекор по Cartoon Forum, каде што „Светот на Биби“ веќе учествуваше во Тулуз во септември годинава.

„Светот на Биби“ е избран меѓу 24 проекти од Европа за да учествува на овој важен настан, каде што пред илјадници експерти од дигиталниот свет нашиот проект може да добие практични совети, да научи како се прават бизнис-планови, да воспостави нови соработки.



Секој од избраните продуценти ќе добие 20 минути за да го презентира својот проект. Пичинг-сесијата ќе се одвива пред експерти од оваа област и како може да се „патува“ на одредени платформи (најмалку две платформи во кои не спаѓаат телевизиите и киносалите). Потоа самите експерти ќе се изјаснат за можностите на проектот. Интересно е што пичинг-сесијата ќе се одвива и пред други продуценти.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава