X
 31.12.2019 Живот

Општина Центар и „Ватростална“ подарија пакетчиња од „Светот на Биби“


Општина Центар заедно со компанијата „Ватростална“ донираа едукативни пакетчиња од „Светот на Биби“ во повеќе хуманитарни здруженија. Во основното училиште „Киро Глигоров", заедно со претседателката и основач на здружението „Проект среќа“, Кристина Арнаудова донирани беа пакетчиња на дечиња кои се интегрирани од сите категории на социјален ризик и се регистрирани членови во ова здружение.



Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ги израдува и дечињата од Здружението Трисомнија 21 - Скопје, дневен центар за лица со даунов синдром. 

Со топли насмевки и искрени прегратки им се заблагодарија за новогодишните подароци.


Утрово пак,  подароци добија дечињата кои се лекуваат на различни оддели во ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести" и на лицата кои членуваат во Здружението на слепи и лица со оштетен вид во Скопје.




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот